12.8 C
Скопје
13:19 - 18 декември, 2024

Во брак се 64 години и имаат преку 100 внуци, а ги памтат родендените на сите! (ФОТО)

Лео и Рут Зангер навистина може да кажат дека имаат големо семејство.

Брачниот пар кој веќе 64 години е во брак, пред скоро 5 години го дочека раѓањето на својот 100-ти внук, а сега се уште повеќе. Но, изгледа дека и бабата и дедото Зангер го сакаат секое ново внуче како да им е прво, а по нивните насмеани фотографии кои на друштвените мрежи ги ставаат нивните деца, големото семејство ги прави млади.

Facebook

Овој американски пар од Илиноис се венчал во 1956 година и од тогаш нивното семејство не престанало да расте. Иако звучи неверојатно, бабата и дедото може да се сетат на роденденот на секој од нивните потомци.

„Добриот Бог само ги праќа, би можеле да направиме свој сопствен град“, изјавил во една прилика Лео. Посебна радост настанала кога Аустин, еден од внуците, и неговата сопруга го добиле своето второ дете, кое станало 46-то правнуче на парот, кои има 53 внуци.

Facebook

„Секогаш има место за уште едно“, додала Рут. Вкупно имаат 12 деца. Најстарата Линда има 58 години, а најмладиот Џо има 31 година. Останатите се: Деби, Дона, Давид, Грег, Даниел, Мајк, Стив, Чак, Мет и Ерни. Дона Зангер Лејн е задолжена за пратењето на семејното дрво, а уште ја нарекуваат и „семејната историчарка“. Запишува се, па токму таа го известила „поширокото“ семејство за 100-от внук т.е правнук.

Секое собирање за целото семејство е вистинско доживување, а Лео Зангер на шала знае да рече дека би требале да изнајмат црква само за нив. И додека некои големи семејства би имале потешкотии да ги соберат сите членови на едно место, ова семејство успева во тоа, а покрај тоа и сите се многу блиски.

Facebook

Просторот за сите прослави мора да биде доволно голем за сите да ги собере, како за свадба. Затоа често изнајмуваат спортски сали. Храната и спремањето на храната е посебен ритуал. Потребно е многу од се за никој да не остане гладен, па така некогаш се нарачува и по 50 килограми пршута.

Иако Зангерови велат дека има многу од оние кои не стигнуваат на собирањата, неслужбено се „задолжителни“ Денот на благодарноста, Божиќ, Велигден, Денот на мајката и Денот на таткото.

Facebook

„Сите покрај тоа сме многу поврзани. Многу се дружиме. Некого можеби го гледаме еднаш или два пати годишно. Но, и покрај тоа што сме многу зафатени, уживаме кога сме сите собрани“, велат нивните деца кои од мали гледале како им се проширува семејното дрво.

„Никогаш немало досадни моменти. Секогаш сме се забавувале растејќи“, заклучуваат Зангерови.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....