14:15 - 1 април, 2026

 (ВИДЕО) НА МЕСТОТО НА ЧИНАРОТ ПОСТАВЕН СЕМАФОР – ДРВО: Туристичката атракција во Лондон носи силна порака

Возачите како и пешаците се подеднакво збунети кога првпат гледаат толку многу семафори поставени на само еден столб. Меѓутоа, наскоро им станува јасно дека ова не е класичен семафор што го регулира сообраќајот, туку туристичка атракција.

„Семафор-дрво“ е скулптура лоцирана во Топола, Лондон, и е дело на францускиот скулптор Пјер Вивант. Ова уметничко дело е високо осум метри и има 75 комплети светилки кои се контролирани од компјутер.

Семафорот е поставен во 1998 година на местото на чинарот (отпорно дрво кое достигнува висина до 40 метри). За жал, тој чинар „се разболе“ од загадувањето на кое беше изложено во тој дел на Лондон, поради што мораа да го отсечат.

Семафорот во овој случај ја симболизира причината зошто природата згаснува, а тоа е загадувањето на воздухот, за што сообраќајот во голема мера е виновен.

Првичната намера била да се активираат светилките во согласност со активностите на Лондонската берза, но таа идеја била напуштена затоа што била премногу скапа за реализација.

Слични објави

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.
Се вчитува....