9.8 C
Скопје
12:45 - 1 април, 2026

(ВИДЕО+ФОТО) ДРЕВЕН ЕГИПЕТ: Реставрирана е Авенијата на сфингите во раскошна церемонија

египет авенија на сфингите луксор

Во раскошна церемонија Во Египет откриен е обновен пат стар 3,400 години кој ги поврзува двата антички храмови во Карнак и Луксор, пренесува „Гардијан“.

Поворката за повторно отворање на патот долг 2,7 км беше реплика на древниот фестивал „Опет“, во кој статуите на тебанските божества биле парадирани секоја година за време на ерата на Новото кралство во прослава на плодноста и поплавите на Нил.

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси маршираше по патот на почетокот на церемонијата. Фараонските коли и повеќе од 400 млади изведувачи облечени во фараонски костими продефилираа по авенијата.

Патот стар 3,400 години што ги поврзува античките центри Карнак и Луксор, исто така познат како „Патот на овните“ или „Авенијата на сфингите“, го „чуваат“ стотици сфинги со човечки и глави на овни.

Патот беше подложен на неколку напори за реставрација откако беше откриен во 1949 година, а последниот започна во 2017 година.

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....