13.8 C
Скопје
15:49 - 18 декември, 2024

Три бабички не сакаат да бидат сами во изолација – Се собрале заедно и се снабдиле со вино (ВИДЕО)

Три бабички од Англија на возраст од околу 70 години одлучиле самоизолацијата да ја поминат заедно.

Дорен Брнс, Ерол Спарк и Доти Робинсон се познаваат повеќе од 40 години и сите живеат во британскиот Салфорд.

Кога беа најавени строгите мерки за борба против коронавирусот, овие три пријателки одлучија да се вселат заедно за полесно да го поминат овие неизвесни денови.

Во интервју за „BBC“ покажаа дека се забавуваат како никогаш досега во животот.

„Сега една недела ќе живееме секоја во својот дом, а потоа, ако бидеме добро сите, ќе одлучиме во која куќа ќе се вселиме бидејќи сите имаме еднаков број простории“, објасниле во разговор со репортерката Џени Мекбин.

„Јас немам градина, но имам Нетфликс, па можеме да го гледаме „The Crown“ и мислам дека јас ќе бидам победничка“, се пошегувала една од нив.

Бабичките признаа дека се големи љубителки на вино, поради што добро се снабдиле со овој пијалок, но кажаа и дека го избегнуваат паничното купување по супермаркетите.

Овие бабички се токму она што ни треба за малку да се расположиме во морето од лоши и тажни вести кои пристигнуваат од секој дел на светот.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....