2.8 C
Скопје
05:42 - 26 декември, 2024

Токсини кои не знаете дека ги јадете!

Пестицидите често се користат за заштита на култури од плевел, инсекти и инфекции. Некои овошја содржат значителни остатоци од пестициди кои можат да бидат крајно опасни за вашето здравје.

Секој кој ја конзумира оваа масовно произведена храна е во опасност од труење. Некои од симптомите вклучуваат абдоминални грчеви, гадење, вртоглавица.

Погледнете какви токсините внесуваме со одредени видови храна, без да знаеме.

Јаболка

Иако се симпатични, крцкави и полни со антиоксиданси, во нив се утврдени остатоци од 47 пестициди со кои се прскаат поради инсекти и габи. Да не зборуваме дека човековите патогени како салмонела, Е. коли, листерија или хепатит А можат да преживеат на површината на плодот.

Целер

Целер содржи одредени токсини, наречени „psoralens“ со потенцијални канцерогени ефекти и „goitrogens“ со потенцијално анти-тироидни ефекти. Целерот е исто така еден од најпознатите пестицидини зеленчуци, освен ако не се одгледува биолошки.

Круши

Семето во некои плодови, вклучувајќи ги крушите, содржи природен токсин наречен цијаногенски гликозид. Плодовите од самото овошје не се токсични. Меѓутоа, кога јадките се џвакаат, цијаногенијат гликозид може да се претвори во цијановодород кој е отровен за луѓето. Смртоносна доза се движи од 0,5 до 3,0 мг на килограм телесна тежина.

Зелен компир

Сите компири содржат природни токсини, наречени гликоалкалоиди, обично на ниско ниво. Но повисоки нивоа на гликоалкалоиди можат да бидат откриени во зелените делови на компирите, компирите кои никнуваат и компирите складирани на светлина. Тешкото гликоалкалоидно труење е многу ретко, но важно е да го чувате компирот на темно, ладно и суво место и да не се консумираат зелени или делови кои никнуваат. Тие се најчеста причина за труење кај луѓето.

Цреши

Проблемот е цијановодородот кој убива, така што ја попречува способноста на телото да користи кислород на клеточно ниво, ако ги јадете семките. Леталната доза е околу 1,52 милиграми за килограм, но една цреша има незначителна сума.

Слатки пиперки

Ова е меѓу зеленчуците со најголем број на пестициди, со 88 различни пестициди, од кои повеќето имаат различни нивоа на токсичност.

Јагоди

Поради нивната расипливост, тие често се третираат со големи количества пестициди. Затоа, темелно измијте ги за да отстраните што е можно повеќе од нив.

Праски и нектарини

За да ги издржат долгите растојанија кои ги поминуваат и овие вкусни плодови се третираат со пестициди, кои можат да влијаат на здравјето на црниот дроб и бубрезите, ако не се мијат.

Конзервирана храна

Заштитените производи претставуваат проблем поради хемиското својство „BPA“ (бисфенол А) во кутиите. Хемикалијата се користи во производството на поликарбонатна пластика и епоксидни смоли. Но, студиите го поврзуваат со здравствени проблеми како што се дијабетес, невролошки заболувања и рак на дојка и рак на простата. Бидејќи „BPA“ е нестабилно соединение и е исто така липофилен, тој може да влезе во храната, особено кога е загреана.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....