На улиците на Филаделфија за време на викендот излегоа илјадници демостранти, меѓу кои и младиот пар кој се венчаше среде протестот.
Кери Ен и Мајкл Гордон ја отворија својата мала свадбена церемонија на отворено, токму кога илјадници луѓе излегоа и маршираа на Бенџамин Френклин улицата со цел да протестираат против полициската бруталност која до смрт го доведе Афроамериканецот Џорџ Флојд.
jeffpulver: RT PhillyInquirer: The protest along the Benjamin Franklin Parkway briefly turned into a wedding party Saturday afternoon, as Kerry Anne and Michael Gordon joined the march on their wedding day.
? by Tyger Williams
More: … pic.twitter.com/XpnJMC7nGx
— Santa Bena (@GrDenter) June 7, 2020
Тие знаеа дека протестите ќе се одржат, но одлучија да не ја одложуваат венчавката бидејќи свадебната прослава веќе ја одложиле за 2021 година поради пандемијата на коронавирусот и посакаа да се венчаат сега, пренесува Спутник.
jeffpulver: RT PhillyInquirer: The protest along the Benjamin Franklin Parkway briefly turned into a wedding party Saturday afternoon, as Kerry Anne and Michael Gordon joined the march on their wedding day.
? by Tyger Williams
More: … pic.twitter.com/XpnJMC7nGx
— Santa Bena (@GrDenter) June 7, 2020
– На крајот тоа беше многу моќен момент. Не само што почувствуваме дека луѓето се покренаа за своите права, почувствував и дека се омажив за силен Афроамериканец кој одлично го претставува тоа што сме ние, што се нашите мажи и тоа што е нашата култура. Беше многу охрабрувачки, изјави 35-годишната Кери Ен Гордон за ABC News.