23.8 C
Скопје
15:57 - 27 април, 2024

Соседите ја ставија Македонија во карантин

Високите бројки на новозаболени во регионот, како и рангирањето на Македонија како една од земјите што тешко се справуваат со епидемијата на коронавирусот, ги поттикнаа соседните земји една по една да воведуваат забрани за влез или задолжителен карантин за македонските граѓани, па дури и за други граѓани што биле во Македонија, при влез на нивна територија.

Словенечката влада вчера објави дека донела одлука сите што доаѓаат од Северна Македонија да мора да одат во задолжителен 14-дневен карантин, јави дописникот на МИА од Љубљана. Ваквата одлука важи за сите, без разлика дали се државјани на Словенија, на Северна Македонија или на некоја држава членка на Европската Унија.

„Епидемиолошката ситуација во Северна Македонија е вонредно тешка. Сите што во Словенија ќе дојдат од таа држава, дури и словенечките државјани, мора да одат во 14-дневен карантин“ – објави словенечкото Министерство за внатрешни работи.

Карантинот за Словенците кои се враќаат дома од други земји е укинат пред три недели.

Бугарското Министерство за здравство во петокот издаде наредба за задолжителен 14-дневен карантин за лица што од Северна Македонија ќе пристигнат во Бугарија. Имено, како што јави БГНЕС, со истата наредба се укинува задолжителниот двонеделен карантин за граѓаните што пристигнуваат од Босна и Херцеговина и од Црна Гора во Бугарија.

Двете промени се предложени од Главниот државен здравствен инспекторат на Бугарија по оценката на епидемиолошката состојба и ризикот од ширење на Ковид-19 во Бугарија.

Во интервју за Радио Солун, грчкиот министер Јоргос Герапетрис завчера изјави дека не се исклучува можноста границата меѓу Грција и Македонија да не биде отворена ниту на 15 јуни, како што се најавуваше претходно.

– Навистина имаме отежнувачки индикатори. Би сакал да потсетам дека додека разговараме, не е дозволено поврзување со Северна Македонија до 15 јуни, како што не е дозволено ни со Албанија. Ќе биде направена проценка на состојбата, но 90 проценти од одлуката зависи и што ќе одлучи секоја земја за своите граници. Ние ги следиме епидемиолошките податоци. Очигледно, ако состојбата продолжи да се влошува, ќе бидат продолжени и рестрикциите за пограничниот сообраќај – изјави Гераптерис.

Тој потсети дека Северна Македонија прва ја затвори границата со Грција, а потоа тоа го стори и грчката страна.

Последните високи бројки на заболени од коронавирусот во Македонија ги следат и во соседството, особено во Србија чии граѓани се надеваат на брзо отворање на гранците и заминување на одмор во Грција. Но, традиционалните туристи од Србија веќе се подготвуваат за алтернатива – наместо преку Македонија до плажите во Грција да стигнат преку Бугарија.

На социјалните мрежи на популарните групи каде што граѓаните разменуваат најразлични информации за патувања и одмор во Грција сѐ почесто се поставуваат прашања каде и како да се вози од Србија до Халкидики, Кавала или до некое друго туристичко место во Грција.

Во Србија, како што е познато, властите им забранија на своите граѓани да патуваат во Македонија, додека Босна и Херцеговина ги отвори границите само за Србија, Хрватска и Црна Гора.

Хрватска исто така ги отвори вратите за неколку земји, но Македонија не е дел од тој список, а Косово одлучи да прима и посетители од Македонија, со тоа што сите лица што влегуваат на територијата на оваа држава и поседуваат негативен резултат од тестот на ковид-19 (не постар од четири дена) не подлегнуваат на процедурата на самоизолација.

Од друга страна, Албанија исто така ги отвори границите за Косово, Црна Гора и Македонија, но тамошниот премиер Еди Рама предупреди на „внимателност“.

Покрај ова, и земјите како Малта и Чешка, во кои многу Македонци летово се упатуваат на сезонска работа, засега одлучија да стават клуч на границите за нашите државјани.

Според сето ова, како што досега стојат работите, македонските граѓани што ова лето имаат желба да патуваат немаат многу избор, а како резултат на високата бројка на заразени со ковид-19 во земјава, без разлика на тоа што досега нема најави за отворање на нашите граници, вратите кон повеќето туристички дестинации една по една ни се затвораат.

The post Соседите ја ставија Македонија во карантин appeared first on Слободен печат.


Соседите ја ставија Македонија во карантин was first posted on јуни 9, 2020 at 8:00 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....