09:57 - 12 ноември, 2026

Со оваа грешка при миењето заби, го уништувате оралното здравје!

Редовната посета на стоматолог и вежбањето добра орална хигиена, како што е редовно миење на забите, се клучни во оддржувањето на здравјето на забите. Кога е во прашање миењето на заби, многумина од нас го прават следното: нанесуваат паста за заби на четката, птават лесни кружни движења по забите, повторно во внатрешните површини, плукнуваат и мијат. Меѓутоа, оваа метода на четкање на забите е делумно погрешна. 

The Oral Health Foundation, независна добротворно организација со седиште во Велика Британија, која има за цел да го подобри оралното здравје на луѓето, препорачува да плукнете после миењето на забите, но не и да исплакнете. Барем не веднаш. Наместо тоа би требале да настојувате да ја задржите пастата на забите неколку минути пред плакнењето за да ги максимизирате здравствените користи на флуорот (кој се наоѓа во пастата за заби) кој се користи за зајакнување на забите. Плакнењето веднаш по четкањето ќе го измие концентрираниот флуор и ќе ги намали неговите превентивни дејности, наведува The Healthy.

Флуорот во пастата за заби допринесува за намалување на расипувањето и пропаѓањето на забите кај децата во САД од крајот на 1960-те до почетокот на 1990-те, покажувајќи податоци во Центарот за контрола и превенција од болести. Затоа неговата улога за зачувување на добрата орална хигиена има огромно влијание.

Слични објави

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Како да исчистите калинка без да направите неред во кујната? Едноставен трик со вода што навистина функционира

К.С.

Ноќта на вештерките не е измислица на модерното време — како настанал празникот и зошто резбаме тикви?

К.С.
Се вчитува....