10:52 - 24 јуни, 2026

Дневен хороскоп за 29 ноември: Мечтаете за можноста да се впуштите во тајна авантура

Овен

Не си дозволувајте проблеми или да станете жртва на љубоморните интриги и тоа поради некоја личност која не ви е толку блиска. Со поттикнувањето на емотивното ривалство се зголемува незадоволството. Посетата на подалечен роднина ќе ве натера на размислување.

Бик

Сакате да дејствувате на многу полиња, енергични сте, кога ќе наумите нешто, тешко можат да ве сопрат. Потрудете се да ги одбегнете проблемите со финансиите, партнерот ве обожава, поминете го секој слободен миг со него.

Близнаци

Насочете ја целата своја креативна енергија кон приоритетите, а потрудете се и да делувате истовремено на повеќе страни. Понекогаш сѐ изгледа можно или достижно, особено ако ве следи среќата и поддршката од пријателите.

Рак

Вие сте голем борец и не се откажувате од започнатите работи. Можна е нова и успешна деловна соработка. Мечтаете за некоја врска од минатото или за можноста да се впуштите во тајна авантура со некое лице. Обрнете му внимание на физичкиот изглед.

Лав

Ќе доживеете конечно олеснување на деловен план. Не се срамете да побарате помош. Солидна финансиска ситуација. Се гледа крајот на мачната врска во која сте заглавени, ве очекуваат пријатни изненадувања. Внимавајте во сообраќајот.

Девица

Ќе почувствувате потреба за љубовно зближување или нова романса. Препуштете им се на вашите чувства и нема да погрешите. Новите случувања кои ќе ве исполнат со големо задоволство или љубовна среќа ќе бидат дополнителен стимул.

Вага

Ќе бидете многу задоволни доколку зграбите некоја добра прилика и ако најдете заеднички јазик со некој. Релативно бурен љубовен живот, особено ако се занимавате со работа во која често патувате.

Шкорпија

Го покажувате својот максимум на работа. Вашата кариера и денес ќе стагнира но не се грижете следат подобри денови во блиска иднина. Секоја деловна понуда која може да ви помогне на финансиски план треба да ја прифатите.

Стрелец

Со помош на пријателите ќе успеете да ја решите деловната ситуација. Нетпеливи сте во врска со развојот на настаните. Целосно сте задоволни со емотивниот живот. Овој ден ќе ви биде среќен.

Јарец

Не оди се според планот и онака како што сте си замислиле. Прилагодете се на дадените околности. Ја немате потребната поддршка од партнерот. Склони сте на бес, нервоза, ироничен став и затоа сте во таква состојба.

Водолија

Напредувањето на работа не подразбира лесен семеен живот. Ќе се појават нови обврски и ќе морате да им посветите помалку време на драгите лица. Кога станува збор за љубовта работите можат да се искомплицираат доколку не ги дефинирате јасно своите приоритети.

Риби

Морате да имате доволно трпение и доволна мудрост во смислувањето на добри потези, но немојте да ги надминете своите овластувања кои се регулирани со заедничкот договор или партнерството. Во љубовта повлекувате погрешни потези.

Слични објави

Карлеуша ја исмеа Милица Павловиќ по најавата за новиот албум: „Таа нема фанови“

Еспресо

(Видео) Беа најконтроверзниот ријалити пар на Балканот — Луна Ѓогани и Слоба Радановиќ имаа „непријатна“ средба на настан

Еспресо

(Фото) Ќерката на Карлеуша во гламурозно издание — Атина Тошиќ блесна во златен фустан

Еспресо

Хороскоп за 24 јуни: Биковите ќе го искористат денот за дружба, Јарците ги очекува нова деловна понуда

Еспресо

(Фото) Идиличен летен одмор – бремената Деа Ѓурѓевиќ покажа како ужива во базен

Еспресо

(Фото) Иднина на престижен универзитет – синот на Вики Миљковиќ матурираше, гордата пејачка ја сподели радоста на социјалните мрежи

Еспресо
Се вчитува....