1.8 C
Скопје
07:58 - 10 март, 2026

Се разбудила од кома по 182 дена: Сопругот и децата не ги препознала, а потоа открила невидена измама

Вероника Фернандез (32) последната година пред сообраќајната несреќа што ја доживеала, живеела сама во бразилскиот град Виторија.

Нејзините родители починале, немала деца, а го напуштила своето момче неколку месеци пред да падне во кома. А, паднала во кома откако пијан човек налетал на неа додека возела велосипед на споредниот пат.

Вероника при ударот одлетала дваесетина метри и паднала на глава. Лекарите со денови се бореле за нејзиниот живот, а потоа била приклучена на апарати. Локалните весници пишуваа за неа, па многумина се заинтересираа за судбината на Вероника.

Оваа жена поминала 182 дена во кома, а кога се разбудила покрај креветот, ја чекал маж кој се претставил како нејзин сопруг. Тој веднаш ги повикал и децата. Наводно сите многу се израдувале поради будењето на Вероника, но нејзе не ѝ било јасно како се сеќава на сè друго, но не и на овие лица кои треба да бидат најважните во нејзиниот живот.

Следниот ден Вероника дознала дека локалните медиуми пишуваат за неа и секогаш потенцираат дека е богата, бидејќи од родителите наследила големо богатство. Тука сфатила за што станува збор и ги повикала лекарите.

Ги прашала дали овој човек со децата доаѓал да ја посетува, тие рекле – речиси секој ден. Тој им тврдел дека се семејство, дека ќе умре без неа. Мажот совршено глумел.

Всушност, станувало збор за еден локален измамник, кој сакал да игра на картата за амнезија и да се пресели кај Вероника за да ја убеди дека тој е нејзиниот сопруг и дека имаат две деца, бидејќи прочитал дека таа живее сама.

Неговиот план се изјаловил не само кога Вероника сфатила за што станува збор, туку и затоа што лекарите ѝ рекле дека не страда од никаква амнезија и дека закрепнала сосема добро.
Измамникот, во меѓувреме, бил уапсен, а се покажало дека децата се од неговото соседство и тој им платил да глумат во болницата.

Слични објави

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Најубави цитати за жените во пресрет на 8 Март

Еспресо

Маслиново масло и лимон – природна магија за блескави дрвени подови

Еспресо

Голем атмосферски пресврт: Европа ја очекуваат необични температурни разлики

Еспресо

Секојдневие без монотонија: 5 начини да внесете радост во вашиот живот

Еспресо

Морската сол содржи повеќе од 80 состојки кои позитивно влијаат на здравјето

Еспресо
Се вчитува....