13:54 - 3 април, 2026

Постојано е во вашите раце, а повалкана е од мобилниот и ВЦ школката заедно

Веќе е докажано дека ВЦ школката не е највалканото место во нашиот дом и дека кујнскиот сунѓер и мобилниот телефон имаат повеќе бактерии, но никој не размислил за женските торби.

Ајде сетете се кога последен пат, и дали воопшто некогаш, сте ја испрале или пребришале торбата која секојдневно ја носите со себе каде и да одите. Со оглед на сите работи кои ги носите внатре, но и на тоа дека никогаш не ја чистите, торбата важи за највалканиот предмет воопшто.

Една британска компанија спровела истражување во кое дошле до заклучок дека повеќето жени никогаш не ја чистат внатрешноста на торбата, а некои велат дека е повалкана дури и од ВЦ школката.

Совети за чистење на вашата торба, ташна, ранец…

Испразнете ја целосно торбата, завртете ја наопаку, внатрешноста нека стане надворешност, истресете ги сите трошки и нечистотии кои се наталожиле на дното, а потоа пребришете ја комплетно со антибактериски марамчиња на кои дополнително сте додале антибактериски гел.

Слични објави

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....