5.8 C
Скопје
11:21 - 22 декември, 2024

Поради овие намирници имате висок притисок, воспаленија и срцеви заболувања! (ФОТО)

Кардиоваскуларните болести се водечка причина за смрт во светот, а промената на животниот стил кој денес е многу стресен и полн со нездрави навики доведе до зголемување на појавата на срцеви болести, како кај повозрасната така и кај помладата популација.

Можеме да го спречиме тоа ако усвоиме одредени навики, како на пример, одбегнување на производите што нашето срце не ги поднесува.

Сол, шеќер, маст

 Големата количина на масти, шеќери и заситени маснотии, со текот на времето се таложат и го зголемуваат ризикот од развој на кардиоваскуларни болести, па ако внимавате на вашето здравје, одбегнувајте ги овие работи.

Сланина

 Повеќе од половина од калориите на сланината доаѓаат од маснотиите, што го зголемуваат лошиот холестерол и ги зголемуваат шансите за срцев удар. Со оглед на тоа што е преполна со сол, го зголемува крвниот притисок, поради што срцето потешко работи. Високиот процент на натриум може да доведе до инфаркт, болести, па дури и престанување на работата на срцето.

Црвено месо

 Ако јадете премногу јагнешко или свинско, шансите за развој на срцеви болести стануваат многу поголеми. За почеток, намалете ги порциите и одбирајте бело месо.

Колачи и други десерти

 Колачите и сличните десерти би требало да бидат реткост на вашата трпеза, бидејќи се полни со шеќери кои доведуваат до качување килограми. Поврзани се и со високите нивоа на триглицериди и може да доведат до болести на срцето.

Преработено месо

Виршлите, саламите и колбасниците се најлошото месо за вашето срце, тврдат експертите, бидејќи содржат високи количини на сол и маснотии. Консумирањето на овие производи треба да го сведете на минимум.

Ориз, тестенини, леб

 Овие производи се направени од бело брашно и не содржат здрави состојки, како што се влакната. Полни се со шеќер, кој вашето тело го складира како маснотии, а таквата исхрана може да влијае врз таложењето маснотии во пределот на стомакот, кои се поврзани со развојот на срцеви болести.

Алкохол

 Умерената консумација на алкохол нема да ви наштети, освен ако имате висок крвен притисок. Тогаш може да влијае врз развојот на болести на срцето. Премногу алкохол, со текот на времето, може да доведе до застој на срцето, висок крвен притисок, инфаркт и дебелеење.

Јогурт

 Јогуртот може да биде одличен извор на нутриенти кој штити од појава на висок притисок, но бидете внимателни каков купувате. Имено, јогуртите на кои додадените вкусови им се полни со шеќери, на крајот може да доведат до висок крвен притисок, воспаленија и болести на срцето, ако ги консумирате редовно.

Прескокнување оброци

 Дали поради работниот ден преполн со обврски, поради заборавеност, дали поради мрзливост, најчесто забораваме дека секој оброк и меѓуоброк во текот на денот е важен. Ако го прескокнете појадокот и не јадете ништо до ручек или, пак, појадувате, а ништо не јадете додека стигнете дома од работа, не му правите никаква услуга на вашето тело.

Напротив – метаболизмот се забавува бидејќи телото не прима храна и се приготвува за долгорочно штедење па го забавува целиот организам. Исто така, кога по пола ден гладување конечно ќе седнете на маса, се зголемуваат шансите дека ќе консумирате премногу храна одеднаш и нема да сопрете на време.

Резултат на тоа се болки во стомакот, премногу консумирани калории и таложење маснотии околу стомакот, кои се сметаат за најштетни за кардиоваскуларното здравје.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....