5.8 C
Скопје
00:51 - 1 април, 2026

„Пица бебето“ го прослави својот втор роденден! (ФОТО)

Фотографката Дани Леит одлучила да го фотографира својот син Лорензо и тоа секој пат кога ќе наполни месец дена и така се до година дена. Но, со оглед на тоа дека важи за забавна фотографка, сакала фотографиите да ги направи забавни. Решение? Парче пица! „Мојата мајка рече да направам нешто италијанско. Што е подобро од пица која ќе ја земаме еднаш месечно и ќе ги добиеме овие прекрасни фотографии?“, напишала тогаш на Инстаграм.

Колажот од фотографии кои на крајот ги објави покажувајќи го бебето како лежи до отворена картонска кутија од пица, а за секој месец додавала парче пица означувајќи колку е старо бебето. Секако, фотографиите станаа вирални, а малиот Лорензо сите го памтат како „пица бебето“.

Лорензо пред неколку дена наполни 2 години, а мајка му сними нова фотографија како продолжение на проектот кој ги прослави. А секако е интересно тоа што Лорензо слави роденден само еден ден после Националниот ден на пицата во САД, а кој и во светот се одбележува како Меѓународен ден на пицата.

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....