Модните експерти велат дека многу подобри модни додатоци ќе ги заменат.
Модните ревии кои се одржуваат 6 месеци пред сезоната календарски да настапи, секогаш ни покажуваат кои трендови ќе бидат актуелни, а со самото тоа и кои излагаат од мода.
Овие 11 трендови во 2020 година ќе отидат во заборав, а повеќето се среќни поради таа одлука.
1. Масивни штипки и шноли за во коса
На местото на масините и нападни бисерни шноли, доаѓаат суптилни, женствени, плишани машни и марами.
2. Велосипедски шорцеви
Парчињата кои добро изгледаат на манекенките на писта, не се вклопуваат многу во реалните ситуации, а велосипедските шорцеви се вистински пример за тоа.
Во иднина носете ги само кога ќе возите велосипед или се занимавате со некој друг спорт за време на летото, а наместо нив вратете се на старите добро препознатливи и незаменливи, тексас шорцеви.
3. Мрежасти торби
Непрактичните торби кои буквално се направени од мрежа, веќе се „аут“.
Се враќаме на малите, класични торби кои се вклопуваат во секој стил и со секоја облека.
4. Торбички околу струкот
Уште еден тренд кој накратко се врати од 90-те, повторно се враќа во заборав.
Наместо прочуените торбички, ќе се носат мали правоаголни торбички во кои собира само телефон, покрај елегантната чанта.
5. Прочуените „Uggs“
Жените ги обожаваат, бидејќи се удобни како цел ден да газите на облаци.
После скоро деценија, изгледа дека конечно излагаат од мода и на нивно место доаѓаат мартинките и „бајкерските“ чевли.
6. Огромните патики
Не сме сигурни зошто беа толку популарни, но дојде крајот и на нивното владеење. Сепак, нема да исчезнат потполно – летово многу модели на сандали ќе бидат инспирирани од нив.
7. Тесни фармерки
Не мора да ги фрлате оние кои веќе ги имате (носете ги со широки блузи и џемпери), но немојте да купувате нови, бидејќи во мода се пошироки, комотни модели на фармерки.
8. Тенки џемпери
Џемперот е зимско парче и треба да биде токму такво – зимско. Оваа година важи правилото „што повеќе, тоа подобро“.
9. Пеплум здолништа и фустани
Иако повеќето ги обожаваа, бидејќи во нив изгледаа женствено, а можеше да се сокрие и некој „вишок“ околу струкот, но времето на пеплум моделите истече. Ќе ги заменат исто така женствени, но и малку построги кроеви.
10. Масивни чизми за на снег
Од сега тие се пожелни само за скијање. Во останатите можности ќе ги заменат топлите и длабоки чевли.
11. Капут со крзно околу вратот и џебовите
Ќе се носат рамни, добро скроени модели, кои немаат потреба од никаков украс.