5.8 C
Скопје
02:28 - 1 април, 2026

Одморете ги очите – Наполнете го телото со витамин А

Луѓето кои постојано се пред компјутерите може да си ги „потрошат” очите. Интензивната изложеност на екранот бара солидно ниво на витамин А во организмот.

Кога работиме на компјутер, нашите очи постојано реагираат на светлите и темните точки кои се појавуваат на екранот. Ако овие визуелни сигнали се посилни, очите трошат повеќе родопсин, фотосензитивен пигмент кој ни е потребен за да гледаме.

Витаминот А игра значајна улога во произведувањето на родопсин. Џигерот, маслото од бакалар и листовите од брокула се богати извори на овој витамин.

Луѓето кои би требало да го намалат нивото на внесување на маснотии во својот организам и холестеролот може да јадат храна во која има бета-каротен, од која телото со помош на сончевата светлина црпи А-витамин.

Бета-каротенот се наоѓа во жолтиот, портокаловиот, црвениот и зелениот зеленчук, исто како и во овошјата како праска, портокал, сувите сливи, дињата, лубеницата и мангото.

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....