2.8 C
Скопје
19:48 - 20 декември, 2024

Облечете се женствено како Џеки Кенеди: Ваквиот стил никогаш нема да излезе од мода! (ФОТО)

Без оглед на летните трендови, стилот на Џеки Кенеди Оназис беше и остана еден од ултимативните формули за шик жешки денови. Таа е особено позната по своето комбинирање на марамите.

Носеше класика, но притоа корисеше и разни мотиви, комбинирајќи лежерност со луксуз за жешките, летни денови и токму затоа Џеки веќе со децении е икона на стилот.

инстаграм

Позната е и по големите очила за сонце, старите фотографии го откриваат и нејзиниот втор омилен летен моден додаток, а тоа се марамите. Ги комбинираше со прекрасни фустани, туники и бели пантолони.

инстаграм

Косата во лето ја сокриваше во марами кои не ретко ги носеше во сличен ток како и аутфитот, но и во сосема различен, но најчесто тоа беа елегантните пастелни бои, идеални за жешките денови.

инстаграм

Белите панталони во летото и беа омилени, а со нив избираше маици или кошули во пастелни бои.
Марамите ги носеше ниско на челото, веднаш над очилата за сонце, за да го прекрие и заштити челото.

инстаграм

Ленените сукњи со природни, крем тонови исто така имаа посебно место во нејзиниот гардобер.

инстаграм

Таа сакаше и шешири од слама и обожаваше шорц панталончиња, со кратка маица или кошула со кариран мотив.

инстаграм

За летните забави избираше фустани инспирирани од сончевите, жолти тонови.

инстаграм

Во колекцијата со шешири чувала разни модели кои ги носела со блузи и пантолони со пастелни нијанси.

инстаграм

И денес нејзиниот стил е супер актуелен – не ретко таа наместо сукња облекуваше бермуди со висок струк и во посилни тонови.

инстаграм

Иако нејзиниот стил е симбол за шеесеттите и педесеттите, гардеробата на Џеки и денес е хит, токму поради едноставноста, елеганцијата и нејзиното веќе докажано чувство за мода.

инстаграм

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....