16.8 C
Скопје
16:01 - 10 март, 2026

Ниту шпанската кралица Летиција не остана рамнодушна на овие панталони! (ФОТО)

Поради својата удобност, ласкав крој и шик изглед, овие „paper bag“ панталони веќе неколку сезони имаат голема популарност кај бројните љубители на модата.

Станува збор за панталони со повисок струк кој совршено се вклопува веднаш над стомакот и најчесто со украсен ремен кој им дава додатна доза на елеганција и урбан изглед, а ногавиците обично имаат рамен или поширок крој, па така совршено ги прекриваат недостатоците и евентуалниот вишок на килограми во пределот на стомакот и колковите.

Последните неколку седмици голем број познати дами не можат да им одолеат, а на листата на славни обожавателки се најде и шпанската кралица Летиција која ги носеше во беж боја.

Судејќи според изгледот н а славните дами, популарните панталони многу лесно се комбинираат, а најдобро изгледаат со еднобојни маици или ролки, додека рамниот крој на ногавиците овозможува носење на разни штикли, патики или чизми.

Слични објави

Какво лето нè очекува? Метеоролозите го палат алармот: „Едно е сигурно, ќе паѓаат рекорди!“

Еспресо

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Најубави цитати за жените во пресрет на 8 Март

Еспресо

Маслиново масло и лимон – природна магија за блескави дрвени подови

Еспресо

Голем атмосферски пресврт: Европа ја очекуваат необични температурни разлики

Еспресо

Секојдневие без монотонија: 5 начини да внесете радост во вашиот живот

Еспресо
Се вчитува....