3.8 C
Скопје
22:41 - 10 март, 2026

Научно докажано: Доколку имате миленик вие сте добар човек!

Доколку се грижите за кучиња и мачиња, можете слободно да кажете дека сте добар човек, бидејќи – тоа сега и науката го потврдува! Имено, според студијата објавена во списанието “Medical Daily”, постојат низа причини поради кои милениците се добри за нашето здравје, но и за развојот на добри социјални особини.

Лицата кои, на пример, имаат кучиња, лесно влегуваат во комуникација со непознати луѓе, пишува “Petface”.

Луѓето кои воделе или водат грижа за животни изградиле врски кои ги промениле. Врските кои се создаваат меѓу животните и луѓето имаат влијание и на однесувањето на луѓето во друштвото. Имено, оние кои имаат или имале миленици обично се посоцијални од другите, пренесува ова списание.

Авторите на студијата заклучиле дека лицата кои се сами во одреден временски интервал зборуваат со тројца странци, додека лицата кои имаат куче за истото време разговараат со дури 65 сосема непознати лица.

Луѓето со миленичиња се обично подруштвени, а тоа што е уште поважно според мислењето на истражувачите е квалитетот на односот меѓу сопственикот и миленикот, бидејќи тој однос обично се пресликува и на односите со луѓе.

“Младите кои се многу врзани со своите миленици полесно остваруваат врска со луѓе во своите заедници, но и со партнерите”, изјави еден од истражувачите.

Истражувањето опфатило 500 млади лица на возраст од 18 до 26 години, на кои им биле поставувани прашања за нивниот однос со домашните миленици. Оние кои биле посебно поврзани со своите миленици искажувале повеќе емпатија и доверба, а исто така зборувале дека цврсто се врзуваат со луѓе. Освен тоа, колку повеќе одредениот учесник се грижел за својот миленик, толку повеќе сакале да учествуваат во разни социјални активности, односно да волонтираат во заедницата или да помагаат во семејството или на пријателите.

Освен овие социјални користи од милениците, посебно кучињата, тие можат да влијаат добро и нашето здравје, бидејќи силните емотивни врски придонесуваат за ослободување на одредени хормони, што ни помага да се опуштиме.

Слични објави

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо

Какво лето нè очекува? Метеоролозите го палат алармот: „Едно е сигурно, ќе паѓаат рекорди!“

Еспресо

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Најубави цитати за жените во пресрет на 8 Март

Еспресо

Маслиново масло и лимон – природна магија за блескави дрвени подови

Еспресо

Голем атмосферски пресврт: Европа ја очекуваат необични температурни разлики

Еспресо
Се вчитува....