16:58 - 1 април, 2026

Намирници кои морате да ги имате при рака доколку ви се лоши додека патувате

Возењето може да ви го направи секое патување вистинска ноќна мора.

Кога одите на пат, а имате проблеми при подолго возење, важно е да знаете како да се изборите со мачнината и да не дозволите тоа да ви го расипе одморот.

Маслото од нане и ѓумбирот се намирници кои ќе ви ја ублажат мачнината, а додека се возите немојте да читате, туку гледајте низ прозорецот, советуваат експерти.

Овој проблем може да ви се јави додека се возите во автомобил, автобус, авион или на брод, а проблемот со лошење при патување најчесто се јавува кај најмладите, па затоа најдобар лек против тоа е ѓумбирот.

Исецкајте свеж ѓумбир и изедете го половина час пред патувањето, бидејќи најважно е да ја спречите појавата на мачнини уште пред да тргнете на пат.

При олеснувањето на оваа тегоба ќе ви помогне и арома-терапија. Со етерични масла од нане, лаванда и ѓумбир, вие нема да чувствувате никакви потешкотии и ќе уживате во секој момент од патувањето.

Ставете една капка масло од нане на коцка шеќер и растопете ја во уста, или капнете две капки од етерично масло од ѓумбир на марамче и полека вдишувајте.

Сепак, пред оралното земање на етерични масла, посоветувајте се со експерти.

Покрај тоа што ќе ви ги намалат мачнините при патување и нема да ви се лоши, етеричните масла го зголемуваат и нивото на концентрација.

Слични објави

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....