02:01 - 6 април, 2026

НАЈЛЕСЕН РЕЦЕПТ за бела пита од макарони

Овој рецепт за бела пита од макарони е идеален за појадок или за вечера, прелесно се прави, а вкусот е одличен.

Потребни состојки:

500 гр макарони
1 литар млеко
3 чаши јогурт
5 јајца
150 гр сирење (по желба и повеќе)
Сол, бибер и зачини

Подготовка:

Макароните ставете ги во тава за печење. Во сад изматете ги јајцата, па измешајте со млекото и јогуртот. Додадете го ренданото сирење и зачините. Промешајте, па сипете ја смесата врз макароните. Измешајте убаво.

Оставете макароните да отстојат околу еден час. Потоа печете во загреана рерна на 200 степени.

Доколку сте љубител на тестенини, погледнете го и следниот рецепт за карбонара:

ГОТОВА ЗА 15 МИНУТИ: Вака се подготвува оригинална италијанска карбонара

Слични објави

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо
Се вчитува....