18.8 C
Скопје
13:37 - 12 октомври, 2026

„Најголемата лага по Дедо Мраз“: Познатата емисија „Карпул Караоке“ всушност е телевизиска измама! (ВИДЕО)

На Јутјуб е објавено видео на кое се гледаат пејачот Џастин Бибер и водителот Џејмс Корден за време на снимањето на телевизиската емисија „Карпул Караоке“. На снимката се гледа и дека Корден не го вози автомобилот, туку дека него го влече камион!

Ова наиде на големи критики кај американската јавност, бидејќи концептот на емисијата се води по тоа водителот и неговиот гостин заедно да пеат песни, додека Корден вози.

Фото: Принтскрин

Критичарите сега сметаат дека, ако Корден лажел за ова, кој знае уште колку други измислици се кријат зад оваа емисија.

„Се чувствувам изневерено“, напишал еден обожавател на Корден на својот Твитер профил.

„Се немам почувствувано вака предадено уште откако дознав дека Дедо Мраз не постои“, гласи друг коментар.

Фото: Принтскрин

Критичарите тврдат дека ќе има и такви кои ќе го оправдуваат овој скандал, зборувајќи дека тоа е стандардна пракса во телевизиската индустрија.

– Убавината на емисијата не е во пеењето. Тој дел беше ужасен. Никој не сака да слуша како пеењето и вриштењето на Корден гуши глас на професионален пејач. Го гледавме „Карпул Караоке“ од иста причина поради која следиме лизгање на мраз. Стравувавме од возењето со автомобил во состојба на толкава нефокусираност – смета Стјуарт Херитаџ од „Гардијан“.

Се чини дека цело време, кога пееја ѕвезди како Адел, Мараја Кери и Бритни Спирс, водителот Корден всушност не возел.

Исто така, кога тој во емисијата му даде да вози на Стиви Вондер, всушност немало никаква опасност.

Од „Гардијан“ сметаат дека тоа е тажно, а гледачите се чувствуваат изневерени и измамени.

Слични објави

(Фото) Дрвени маси и друг мебел од полно дрво достапни по набавни цени во салонот на Wood room во ГТЦ

Еспресо

Направете го ова со радијаторите пред почетокот на грејната сезона — може да ви помогне да заштедите на сметките

К.С.

Радица Таскова стана српски автор: „Лузни што зборуваат“ го продолжува својот книжевен пат во Белград

Еспресо

VILLA DIVA – Амбиент создаден за големи моменти

Еспресо

Искористете ги посебните попусти во Wood Room и подновете се со уникатна клуб-маса со епоксидна смола

Еспресо

Септемвриски попусти во Wood Room – време е за нова маса од масивно дрво

Еспресо
Се вчитува....