9.8 C
Скопје
10:15 - 11 март, 2026

Научниците предупредуваат: Половина од песочните плажи во светот може да исчезнат до 2100 година

Половина од светските плажи може да исчезнат до 2100 година поради тешката ерозија која е поврзана со климатските промени, сугерира студијата од спроведеното истражување која е објавена вчера.

Главните причини се зголемувањето на нивото на морето и ерозијата од бурите, а кои според студијата, предупредуваат на „блиско истребување на речиси половина од плажите во светот до крајот на векот“.

Научниците велат дека половина од светските песочни плажи се закануваат дека ќе исчезнат до крајот на векот, доколку климатските промени продолжат со истото темпо.

Дури и доколку човештвото значително ги намали емисиите на штетни гасови, што сега се одговорни за климатските промени, над една третина од песочните крајбрежја се под закана. Нивното исчезнување ќе има последици не само врз туризмот.

-Доколку туризмот го оставиме настрана, плажите во повеќе случаи го обезбедуваат првиот механизам за заштита од бури и поплави. Без плажите последиците од екстремните климатски настани веројатно ќе се поголеми. Треба да се подготвиме за тоа, изјави Михалис Вусдукас од Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија.

Плажите заземаат над една третина од крајбрежните појаси во светот и во серија случаи се наоѓаат во густо населени региони. Тие се под закана од ерозија на почвата на која интензивно се гради, од зголемување на нивото на морињата, бурите….

Студијата покажа дека Западна Африка ќе доживее некои од најлошите загуби, каде што повеќе од 60 проценти од песочните брегови можат да се изгубат во земји како Гамбија и Гвинеја-Бисао.
Австралија можеби да е најмногу засегната од оваа појава, бидејќи нејзиниот појас од плажи има должина од речиси 15.000 километри, а тие може да исчезнат за 80 години. По Австралија следат Канада, Чиле, САД, Мексико, Кина, Русија, Аргентина, Индија и Бразил.

Експертите проучувале два сценарија – најлошото, во кое емисијата на штетни гасови ќе продолжи со истото темпо, и второто, поврзано со ограничување на климатското загревање за 3 степени Целзиусови. Во најлошото сценарио ќе исчезнат 49,5 отсто од плажите, односно песочните крајбрежни појаси со должина од околу 132.000 километри. Во вториот случај ќе биде засегната плажи во должина од 95.000 километри.

„Нивото на морето се зголемува со забрзана стапка во последните 25 години и ќе продолжи да го прави тоа со климатските промени“, се вели во студијата.

„Постои јасна причинско-последична врска помеѓу зголемувањето на нивото на морето и повлекувањето на брегот, што укажува на засилени проблеми со ерозијата на крајбрежјето“.
Резултатите од ова истражување во целост ги објави Nature Climate Change.

Слични објави

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо

Какво лето нè очекува? Метеоролозите го палат алармот: „Едно е сигурно, ќе паѓаат рекорди!“

Еспресо

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Најубави цитати за жените во пресрет на 8 Март

Еспресо

Маслиново масло и лимон – природна магија за блескави дрвени подови

Еспресо

Голем атмосферски пресврт: Европа ја очекуваат необични температурни разлики

Еспресо
Се вчитува....