01:42 - 13 ноември, 2026

Места на кои доколку ја поставите новогодишната елка ќе ви донесат несреќа!

Instagram

Новогодишната еуфорија веќе започна и новогодишните украси се веќе извадени во нашите домови. Еден од омилените делови во украсувањето на домот е китењето елка.

Новогодишната елка треба да ја позиционирате на исток, југ или југоисток бидејќи тоа се позиции на кои се привлекува здравје, слава и пари.

Една од најважните работи што треба да ги запамтите при местењето на елката е да ја оддалечите барем еден метар од какви било греалки, печки, радијатори и камини. Колку подолго се наоѓа елката близу силен извор на топлина, толку поголеми се шансите за несреќа или палење на елката.

Одбегнете да ја ставате елката директно до прозорец. Не само што на тој начин ќе пречите на редовното проветрување на домот, што е многу важно во текот на зимските месеци, туку и ќе го намалите продорот на природна светлина во преостанатиот дел од домот.

Недостатокот на светлина во текот на зимскиот период може да предизвика безволност, ослабена концентрација, нарушување на сонот и слични проблеми, наведува едно истражување.

Слични објави

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Како да исчистите калинка без да направите неред во кујната? Едноставен трик со вода што навистина функционира

К.С.
Се вчитува....