3.8 C
Скопје
00:58 - 21 декември, 2024

Меган Маркл е нејзин идол – Хелен досега потрошила илјадници долари за да изгледа како неа! (ФОТО)

Не е тајна дека многу жени пронаоѓаат инспирација во стајлингот на Меган Маркл, но оваа дама решила да ја ископира буквално секоја нејзина модна комбинација.

Хелен Блек (39) живее во Њујорк и одвојува голема количина на пари за да изгледа идентично како и нејзиниот идол. Животниот стил и начин на облекување на Меган Маркл толку ја воодушевиле, па така таа решила до крајот на својот живот да ги следи случувањата на кои таа се појавува.

Се започнало пред две години кога Хелен се вљубила во еден нејзин стајлинг кој и послужил како инспирација, па решила да се облече токму така.

Кога се појавила на работното место комплиментите не запирале, а со оглед на тоа дека штотуку се вратила од породилно и нејзината самодоверба била разнишана овие коментари исклучително и одговарале.

Тогаш Хелен започнала интензивно да ги копира комбинациите на Меган Маркл.

„Кога дознав дека принцот Хари и Меган се заедно, започнав да ги следам почесто, како и принцот Вилијам и војвотката Кејт, кои многу ги сакам“, изјави Хелен.

„Кога ја видов во виолетово-црвената комбинација која ја носеше веднаш се сетив дека и јас имам такви парчиња облека во својот гардеробер а не сум ги употребила, ги искористив и веднаш се облеков како неа“, раскажува таа.

профимедиа

„Ја сакам бидејќи е жена за пример. Ме испирира бидејќи таа не престанува да работи, дури и кога ја има таа можност. Неодамна се породи, а изгледа феноменално. Нема причина да не биде мој идол“, заклучи Хелен.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....