09:59 - 7 април, 2026

Манекенката Криси Тиген призна дека жали поради пластичните операции!

Како и секогаш искрената Криси Тиген, откри една работа поради која најмногу жали.

View this post on Instagram

me when John comes home and I want another dog

A post shared by chrissy teigen (@chrissyteigen) on

Ѕвездата беше на насловната страна од британското издание на магазинот „Glamour“, а во ексклузивното интервју манекенката откри дека сака да ги извади имплантите од своите гради.

View this post on Instagram

pack it up, back to work!

A post shared by chrissy teigen (@chrissyteigen) on

„Ги направив градите кога имав 20 години. Го направив тоа, бидејќи бев модел за бикини и мислев: Доколку веќе позирам лежејќи на грб, сакам тие секогаш да бидат заоблени и убаво да изгледаат. Но, потоа родив две деца, градите ми се наполнија со млеко и испукаа, па затоа сега се зезнав“, изјави Криси.

Таа истакна дека сака да ги извади, но дека се плаши да иде на операција бидејќи сепак има деца и не сака да умре поради операција на градите. Магазинот „People“ истакна дека Криси секогаш била отворена што се однесува до операциите, но операцијата на градите никогаш ја нема спомнато.

Пред 3 години за „Refinery29“ Криси откри дека има направена липосукција на пазувите и дека тоа истовремено е најдобрата и најглупавата работа што некогаш во животот ја направила. Сепак, откри дека маснотиите на тој дел од телото ѝ се вратиле и дека сега повторно мора да плаќа за операција.

Слични објави

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо
Се вчитува....