06:37 - 7 април, 2026

ЛУД СВЕТ: Девојка го тужи гинекологот на мајка ѝ затоа што е родена

Еви Тамбс (20) од Англија, која се занимања со коњички спорт, најави необична тужба, пишува „NYPost“.

Таа е родена во 2001 година, а набргу по раѓањето ѝ била дијагностицирана „Spina Bifida“ – деформитет на `рбетот поврзан со абнормален развој на ‘рбетните нерви и ‘рбетниот мозок.

Поради оваа тешка болест, Еви често поминува 24 часа на ден прицврстена за цевки кои ја одржуваат во живот. Поради оваа состојба, нејзиниот ‘рбет и ‘рбетниот мозок не биле развиени како што треба во утробата на нејзината мајка.

Еви решила да го тужи докторот на нејзината мајка, д-р Филип Мичел, бидејќи тој не ја советувал нејзината мајка да зема суплементи пред бременоста кои би ја спречиле оваа состојба.

Имено, таа тврди дека, доколку докторот ѝ кажел на нејзината мајка Каролина дека треба да зема фолна киселина и други додатоци пред бременоста, би се намалил ризикот да се роди со оваа болест.

Таа бара мултимилионска отштета од докторката во име на тоа што е родената со деформитет, а ѝ требаат милиони за да се одржи во живот.

Лекарот негира одговорност и вели дека на Каролина, како и на секој пациент, ѝ дал „разумен совет“. Каролина тврди дека нејзиниот лекар не спомнал дека овие додатоци се задолжителни:

„Да го добиев вистинскиот совет, ќе ја одложев бременоста и ќе го подготвев телото за тоа, па ќе родев нормално, здраво бебе, генетски различно од Ева“, рече таа на суд.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....