31 C
Скопје
18:23 - 21 јуни, 2026

Легални намирници чија прекумерна употреба предизвикува халуцинации

Постојат намирници кои секојдневно ги користите, а чија зачестена употреба може да предизвика халуцинации. Затоа добро размислетепред да кажете „само уште малку“…

Ако ги јадете овие 10 намирници во големи количини, вашиот живот би можел малку да се искомплицира. Тоа не значи дека треба да ги исфрлите од употреба, уживајте во сè, но умерено, а ние ќе ви помогнеме да откриете кои продукти поттикнуваат халуцинации.

Незрелите дудинки може да предизвикаат халуцинации

Има ли некој кој во детството не сакал да се качува по гранките на дудунките? Сте јаделе и незрели дудунки и не сте претпоставувале дека може да предизвикаат халуцинации и проблеми со варењето.

Не јадете сирење пред спиење

Една британска студија открила дека кога ќе изедете 20 гр сирење пред спиење, ќе имате бизарни соништа. Стилтон сирењето го добило називот по истоимената населба во средна Англија, оддалечена 130 км од Лондон, која некогаш била позната по патот „Great North Road“, кој поминувал низ него, а кој ги спојувал Лондон и Шкотска.

Фефероните „го креваат“ расположението

Фефероните кои многумина ги обожаваат, предизвикуваат печење во устата и грлото, а капсаицинот во нив го поттикнува телото да произведува ендорфин, поради кој вашето расположение може одеднаш да се поправи. Ќе бидете благо еуфорични.

Макот е добро познат халуциноген

Мак е намирница со силни наркотични својства, бидејќи содржи висок процент на морфиум. Размислете кога ќе јадете штрудли со мак, можеби е најдобро да каснете само едно парче.

Главата на рибата предизвикува повеќедневна халуцинација

Главата на рибата може да предизвика повеќедневна халуцинација. Се смета дека Старите Римјани јаделе риба токму поради таквите својства.

Ржаното брашно е потенцијално опасно

Ерготизам е труење со ржано брашно, кое е заразено со ерготамином. Труењето се манифестира со халуцинации, грчеви, но и губење на осетот за допир на прстите.

Не претерувајте со мускатни оревчиња

Содржат миристицин со силно наркотично дејство, поради што преголемата употреба би можела да доведе до мачнини, главоболки и јаки халуцинации.

Внимателно со кафето

Една американска студија покажала дека ако испиете 7 шолји црно кафе дневно, тоа може да предизвика халуцинации. Кога ја испиле оваа количина, некои од испитаниците слушале звуци, а некои кажувале дека почувствувале присуство на духови.

Ни печурките не се безопасни

Одредени видови на печурки содржат халуциногени средства псилоцин и псилоцибин, кои ги засилуваат емоциите и перцепцијата на предметите во просторот.
Внимателно, секое претерување има свои последици.

Слични објави

Корисни совети: Како да го исчистите загореното дно од тавите и упорните дамки на алиштата

Т.Ц.

Имате проблем да ја исчистите туш-кабината? Пробајте го овој едноставен совет

Т.Ц.

(Фото) Најоригинални даски за сецкање и сервирање – погледнете ја уникатната понуда на Wood Room

Еспресо

(Фото) Мебел што не излегува од мода – изберете квалитет од масивно дрво со Wood Room“

Еспресо

Затнат одвод? Наместо сода бикарбона и оцет, пробајте ја оваа природна комбинација

Т.Ц.

Villa Diva е новата омилена локација за свадби и евенти – резервирајте си термин навреме

Еспресо
Се вчитува....