03:53 - 13 април, 2026

Кинески стручњак дошол да ѝ помогне на Италија и се запрепастил: Не знам што мислите, како се однесувате! (ВИДЕО)

Вториот човек на кинескиот Црвен крст стигнал во Ломбардија за да им помогне на тамошните власти и на лекарите во борбата против коронавирусот.

Сун Шуопенг одржал конференција за медиуми на која жестоко го критикувал однесувањето на Италијаните.

„Не знам што мислите, како се однесувате? Ситуацијата во Ломбардија е иста како што беше во Вухан пред два месеца. Еден месец по воведувањето на карантинот во Вухан гледаме тренд на намалување на бројот на заразани. Овде во Милано не постои строг карантин – јавниот превоз функционира, луѓето се движат наоколу, се забавуваат во хотелите, не носат маски… Не знам што мислите. Во моментов, треба да го запреме времето. Да ги запреме социјалните интеракции кои нормално ги правиме. Сите луѓе треба да остана дома во карантин… Животите на луѓето се најважни во овој момент.“, порача Шуопенг.

Слични објави

Кое е значењето на јајцето „чуваркуќа“ и што треба да се направи со тоа од минатата година?

Т.Ц.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

Велигденски хит – рачно изработени свеќи што ќе ви го разубават домот

Еспресо

Целта на Артемис 2 е трајно присуство на човекот на Месечината – што би значело тоа за човечкото тело?

Т.Ц.

10 необични велигденски обичаи од светот за кои веројатно никогаш не сте слушнале

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.
Се вчитува....