12.8 C
Скопје
18:07 - 3 април, 2026

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам во посета на Ирска: Војвотката блескаше во зелен фустан! (ФОТО)

Кејт Мидлтон (38) и принцот Вилијам (37) пристигнаа во Ирска, каде што се состанаа со претседателот Мајкл Хигинс и неговата сопруга Сабина.

Војвотката од Кембриџ за оваа прилика одбра зелен капут и фустан во кои блескаше, додека војводата се одлучи за одело и кравата.

Profimedia

За војводата и војвотката од Кембриџ ова е прва официјална посета во странство од страна на членови на кралското семејство после Брегзит, а тие положија и венец во Градината на сеќавање посветена на сите кои го дале својот живот за независноста на таа земја.

„Никогаш да не ги заборавиме историските лекции и заедно да продолжиме да градиме блескава иднина“, пишуваше на венецот.

Profimedia

Додека сите се радуваа на нивното доаѓање, Кејт Мидлтон возврати така што им мафташе на присутните. Истото го направи и принцот Вилијам.

Инаку, оваа посета на Ирска е првата во скоро десет години откако тоа го направи неговата баба, кралицата Елизабета и така влезе во историјата, бидејќи тоа беше првата посета за таа земја од страна на владеечкиот британски монарх.

Profimedia

Слични објави

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....