12.8 C
Скопје
13:19 - 18 декември, 2024

Го оставила вереникот поради порно филмовите кои ги гледал – Ми се слоши кога го видов тоа!

Клер Далтон била уверена дека го запознала човекот од соништата. По три ипол години врска се вериле, а таа шест месеци со вереничкиот прстен на рака ја планирала нивната совршена венчавка. Тогаш се се срушило само една недела пред свадбата.

Како што вели, тогаш дознала непростлива вистина за својот несуден маж. Се прашувате што би можело да биде тоа? Иако не сакала да раскажува до детали, се испоставило дека нејзиниот несуден маж сака порнографија.

Клер оваа своја приказна ја раскажа на Фејсбук во групата „Love What Matters“. Во 1860 зборови опишала како таа била „онаа девојка која љубовта ја заслепила“.

„Јас сум онаа девојка која шест месеци носев прстен на раката. Онаа девојка која ја испланира целата венчавка за една недела пред неа да дознаам дека сето тоа било лага“, напиша таа.

Оваа 21-годишна девојка тврди дека не знаела за тајната на вереникот која воопшто не се вклопувала со нејзината замисла за чиста и искрена љубов водена според Божјите закони.

Имено, една недела пред венчавката Клер случајно го земала мобилниот телефон на вереникот и видела што тој пребарувал претходно. Како што тврди таа, само неколку часа претходно нејзиниот вереник пребарувал порнографија. На неговиот мобилен здогледала неколку отворени прозорчиња со болни и извитоперени идеи за тоа како жените би требало да изгледаат.

Три збора во пребарувачот промениле се.Три збора кои и откриле дека пребарувал порнографија пред неколку часа.

„Се се промени во таа секунда кога ги прочитав тие зборови, веднаш ме праша што се случило. Го прашав зошто го пребарувал токму тоа преку мобилниот, го гледав молчејки, надевајќи се на логичен одговор“, напишала таа.

„Ми беше мака. Најладната работа која ја доживеав беше погледот од лажливите очи на човекот кој го сакав, додека од устата му излегуваа лаги. Знаеше дека сето тоа е лага, но од некоја причина продолжи да ме гледа во очи и продолжи да лаже. Дотогаш не знаев колку несвесно човекот може да биде ладнокрвен“, напиша таа.

фејсбук

На крајот тој признал дека има проблем со порно филмовите, а Клер му ја покажала вратата.

„Сакав да врескам, сакав да плачам, сакав да ги скршам ѕидовите. Во тој момент се чувствував парализирано. Не можев ни да јадам, ни да спијам, бев осамена, а се ме потсетуваше на него“, додаде таа.

По нејзината објава многумина ја нападнале дека не е нормално да го остави вереникот бидејќи гледа порно филмови па таа им возвратила.

„Ме нападнаа на интернет поради мојата религија, личност, карактер, вредност, ум, пишување, искуство, соништа и се што луѓето можат да си замислат дека не во ред со мене“, се пожалила девојката која смета дека се водела само според Божјите правила.

„Ме нападнаа бидејќи сум го напуштила мажот. Во право се. Но кога некој со своето однесување ќе ги наруши Божјите закони, нема простување. Нема ниту љубов. Бидејќи не бевме во брак, не беше моја работа да го поправам. Тој сам треба да се поправи“, напиша таа и додаде дека зависноста од порно филмови не го уништила само неговиот живот, туку и животите на сите околу него.

„Веќе испративме 300 покани за венчавката. Моравме лично да се јавиме кај секој и да им кажеме дека поканата повеќе не важи“, открива таа.

„Не постои ништо природно ниту нормално во гледањето на порнографија. Зборувањето дека сите мажи гледаат порнографија значи дека тврдите дека на сите мажи самозадоволувањето им е поважно од нивните жени, ќерки, синови и другите кои ги сакаат“, заклучи таа.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....