9.8 C
Скопје
13:06 - 1 април, 2026

Девојчето кое 11 дена беше само меѓу волците, стана Мини мис на Русија (ФОТО)

Имаше само 4 години кога сама преживеа две недели во шума

За Карина Чикитова цел свет слушна пред пет години, кога таа скоро две недели сосема сама ги помина во шума, успевајќи некако да ја преживее сибирската дивина полна со волци и со мечки. Ова „шумско дете“ повторно е во центар на вниманието бидејќи ја освои првата награда на рускиот избор за детска мис. Карина својот десетти роденден го прослави со титулата Мини Мис на Јакутија.

Siberian Times

Во 2014 година ова девојче, кое живее со мајка ѝ во Сибир, решило пред својот четврти роденден да го посети татка си во соседното село. Бидејќи и претходно одела сама, никој не се грижел поради тоа. Меѓутоа, татко ѝ не бил тука, а девојчето се обидело да го најде и притоа се изгубило во бескрајните сибирски шуми, каде што и возрасните одат вооружени бидејќи се полни со волци и со мечки. А девојчето со себе понело само едно куче.

Siberian Times

Нејзините родители биле избезумени кога ќерка им исчезнала и започнале потрага со мештаните. Најлошо од сè било што температурите преку ноќта паѓале под нулата. Без нигде никого, само во друштво на своето куче, Карина успеала да преживее 11 дена во шумата.

„Седеше во тревата сосема тивка. Не ја ни видов, таа ме виде мене и ги пружи рацете. Ја подигнав, беше толку мала. Не носеше чевли. Нејзиното лице, рацете и нозете беа крвави од убодите на комарците“, рекол тогаш спасителот кој ја нашол.

Siberian Times

Карина била возбудена кога победила на изборот за Мини мис на Јакутија. Кога ќе порасне сака да стане балерина.

„Сакам да станам балерина и да играм во „Лебедово езеро“. Веќе научив да свирам клавир“, рекла Карина за медиумите.

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....