6.8 C
Скопје
04:32 - 31 март, 2026

Девојче среде натпревар дозна дека мајка и за која пееше починала (ВИДЕО)

Индонезијката Џанах учествуваше во музичкиото натпреварување „Liga Dangdut Indonesia” каде пееше како славеј, разнежнувајќи го жирито, а потoа откри дека нејзината мајка страда од напреден облик на дијабетес и дека единствена желба и е да ја освои првата награда со цел тие пари да ги искористи за лекувањето на мајката.

Жирито кое веќе беше воодушевено од нејзиниот глас, срдечно и соопшти дека поминала во следниот круг на натпреварувањето.

Продукцискиот тим дојде на идеја да ја повика мајката на Џанах во живо на натпреварувањето со цел да и ги соопшти среќните врести за нејзината ќерка. За жал, нејзината мајка не ја подигнала слушалката. Наместо неа, се јавил нејзиниот вујко и открил потресна вест.

„Џанах твојата мајка беше силна, како што и ти сега мора да бидеш, со цел да се грижиш за своето семејство. Ја сакавме, но за жал, Алах ја сакаше повеќе и ја повика кај себе. Твојата мајка почина“, соопшти вујкото во живо пред сите.

Џанах беше скршена, а членовите на жирито веднаш и пријдоа со цел да ја утешат.

Нејзиното учество во шоуто продолжува, а веќе доби бројни пораки со поддршка по пат на својот Инстаграм да продолжи понатака, пишува Unilad.

Слични објави

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо

Го занемаруваме, а најбрзо старее: Како правилно да го негувате деколтето

Еспресо
Се вчитува....