2.8 C
Скопје
19:30 - 23 декември, 2024

Десет необични факти за најголемата држава во светот!

Дека Русите се специфичен народ гледаме од ден за ден. Во оваа држава која што се протега на 2 континенти има се, но сепак постојат некои работи за кои ретко кој знае.

1. Русија е земја на претседателот со интересни хобија. Актуелниот руски претседател Владимир Путин е љубител на џудо. Тој во 2008 година издаде ДВД под назив „Да научиме џудо со Владимир Путин“.

Од друга страна пак, Михаил Горбачов издаде албум со романтични балади под назив „Песни за Раиса“. Раиса беше неговата сопруга.

View this post on Instagram

Historien trykker på Den Røde Plads! ??⁠ ⁠ Det er februar, der er sne på stræderne, og det er helt igennem rigtig koldt i Moskva. Mange turister og lokale trodser dog kulden, og bevæger sig ud på en af de mest historiske pladser på denne klode, Den Røde Plads. Alle de flotte røde bygninger fremgår en smule sløret af det disede vejr, og den hvide sne ligger sig på de røde facader, og skaber nærmest en julet stemning. Det er et meget hyggeligt scenarie, men samtidig inhalerer man alt den historie der udspringer fra Den Røde Plads med Kreml, Vasilij Kirken, historierne om militærparader og diverse russiske højdepunkter. Dette er i sandhed et mytisk sted!⁠ ⁠-⁠ -⁠ -⁠ -⁠ #aboveborders #visesirusland #rusland #russia #rejse #rejseblog #rejser #travelgram #travelers #travelphoto #travelblog #explore #oplev #wanderlust #moscow #travel #udforsk #traveladdict #travelrussia #kremlin #redsquare

A post shared by Above Borders (@above_borders) on

2. Музејот за секс и еротика од Санкт Петербург има еден необичен експонат – пенисот на рускиот јасновидец и царски советник, Григор Распучин. Барем така тврди сопственикот на музејот. Стручните лица се сомневаат во тоа тврдење, иак ово музејот навистина е изложен машки полов орган.

3. Карачајското езеро во јужен Урал кој Советскиот сојуз некогаш го користеле за отстранување на радиоактивен отпад. Денес се смета за најзагаденото место со нуклеарен отпад на светот. Зрачењето на радијација е толку високо што човек може да прими смртоносна доза само од еден час стоење на неговиот брег.

4. Судбината на Килибарската соба е една од најголемите мистерии на Втората светска војна. Станува збор за просторија во палатата на Катарина во Царското село кај Санкт Петербург, која била украсена со злато, накит и други вредни материјали, а која нацистите ја опустошија за време на своите освојувања.

5. Рускиот тим закасни на Олимписките игри во Лондон 1908 години дури 12 дена, бидеќи се служеле со јулијанскиот календар. Останатите спортисти времето го сметале според грегоријанскиот календар.

6. Руските власти размислуваат за претварање на некогашниот озогласениот Гулаг во туристичка атракција. Некои статистики покажуваат дека низ овие концентрациони логори за присилна работа и медицински експерименти поминале повеќе од 18 милиони луѓе.

7. Дури 1835 личности се соблекоа во костими за капење и спуштија на скии или сноуборд од сибирското одморалиште Шерегеш, со желба да бидат запишани во Гинесовата книга на рекорди.

8. Русија може да се пофали со најголемата лулашка на светот која е долга околу 170 метри. Поставена е во адреналинскиот Скај Парк во Сочи. кој зазема и еден од најдолгите висечки пешачки мостови во светот.

View this post on Instagram

#olympics

A post shared by Nora 🙂 (@newalker96) on

9. Во Москва некогаш постоеше ресторанот „Д Твин Старс“. Како што говори и самото име, ресторанот вработувал исклучиво близнаци кои во идентична облека ги послужувале гостите.

10. Сообраќајот на московските улици е толку густ што богатите Руси изнајмуваат лажни возила на брзата помош и со нив полесно поминуваат низ гужвата.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....