21.8 C
Скопје
17:10 - 28 март, 2024

Дали сонувате? Повеќето луѓе ги сонуваат овие соништа, еве го нивното значење (Втор дел)

Иако соништата се лична работа, би ве изненадило колку луѓе имаат слични соништа на вашите, особено кога се во прашање симболите што ги сонуваат. Карл Јунг верувал дека соништата се полни со симболи и архетипови кои потекнуваат од колективното несвесно и дека овие симболи имаат свои значења во светот на соништата, пишува порталот Love to Know.

Еве што значат најчестите симболи кои ги сонуваат поголем дел од луѓето.

Луѓе во соништата

1. Бебе или мало дете

Бебе или мало дете на сон најчесто претставува невиност. Ова значи дека сте отворени за нови искуства без претходна подготовка за нив.

2. Плашлив човек

Ако некој во сон е исплашен или црн на одреден дел, има црни очи, изразено црна и разбушавена коса или неговата присутност магловито пренесува темна енергија, носи очила или крие делови од телото, тој ги претставува вашите особини кои сакате да ги прикриете.

3. Мајка

Ако сонувате мајчинска фигура – својата мајка, тетка, баба, учителка – таа ја претставува божествената мајка. Овие соништа се однесуваат на нега и љубов и порачуваат дека не сте сами, туку имате поддршка и дека сте сакани.

4. Мудра личност

Мудра личност на сон може да претставува учител, спиритуален водач, гуру, што укажува дека има кој да ве води низ животот.

5. Маскирана личност

Ако сонувате некој во костим, носи маска или личност која на било кој начин е маскирана, ова се однесува на Јунговиот архетип „Персон“. Овој сон го покажува начинот на кој се претставувате во јавноста, што е најчесто поинаку од она што навистина сте.

6. Смешна или чудна личност

Смешна, забавна или необична личност често е манифестција на архетип „Интригант“. Ви укажува дека не е се така како што гледате и морате да погледнете под површината за да разберете што точно се случува.

Животни на сон

1. Делфини и китови

Тие претставуваат вистината, што е точно во сите ваши олицетворенија и знаење во вашата душа. Можат да ја претстават и интуицијата и физичките способности.

2. Пеперутки

Кога сонувате пеперутки значи ќе имате промена, напредок, транзиција.

3. Птици

Птиците се симбол на вашите амбиции и цели.

4. Инсекти

Инсектите на сон зборуваат дека нешто ве мачи. Обично тоа се работи за кои сте загрижени или заради кои сте анксиозни кога сте будни.

5. Кучиња

Кучињата во сон се заштита. Можеби сметате дека премногу се штитите себеси или дека ви е потребна заштита.

6. Мачки

Кога ќе ви се појави мачка во сон, таа го претставува концептот јин- рефлексност, мрак, тајност. Тоа значи дека можеби е време да станете попромислени, да знаете што сакате или дека поминувате низ период на интроспекција.

Десет предмети во сон

1.Облека

Вашата облека во сон значи како се претставувате пред светот. Таа е ваша надворешна заштитна школка која ги крие вашите чувства. Анализирајте ја бојата на облеката која повеќе ќе ви каже што ви порачува сонот.

2. Храна

Храната не се однесува на потребната физичка храна – таа може да означува емоционална, креативна, ментална и спиритуална храна. Посветете внимание на видот на храна како и на тоа дали е вкусна.

3. Вода

Водата ги претставува вашите емоции. Состојбата на водата говори за тоа како се чувствувате.

4. Нечистотии

Сакаат да ви кажат дека се чувствувате „нечисто“, нељубезни, неетични или слично. Запрашајте се што би можело тоа да биде и проанализирајте ги вашите вредности.

5. Клуч

Клучот е скриена тајна или отркивање на скриен потенцијал.

6. Чудовишта

Чудовишатата се стравови. Кога сонувате чудовиште, вие ги сонувате вашите скриени стравови.

7. Телефони и дигитрони

Технолошките уреди укажуваат на комуникацијата и на тоа колку добро се чувствувате додека комуницирате со другите.

8. Пари

Парите се богатство и напредок, но немаат нужно материјално значење. Може да се однесуваат на здравјето, пријателството, љубовта, уживањето и многу други работи.

9. Вонземјани и НЛО

Се чувствувате како да не припаѓате некаде или некого сте го означиле како аутсајдер.

10. Дожд

Дождот е прочистување и обновување. Можеби копнеете за обновување или ви е потребен период за да се прочистите од сè што ви се наталожило.

Слични објави

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо

Денес го славиме Свети Игнатиј, еве што (не) треба да правите

Еспресо
Се вчитува....