6.8 C
Скопје
02:22 - 31 март, 2026

Чувари на здравјето: Исчистете ги бубрезите од отрови со помош на природни напитоци

Детоксикацијата на бубрезите помага да ги исфрлиме токсините од целото тело, го зајакнува имунитетот, го регулира притисокот и го чува здравјето на мочниот меур…

Бубрезите се многу важни органи кога станува збор за детоксикацијата, бидејќи тие ја филтрираат течноста во телото преку урината и ги исфрлаат штетните материи од организмот.

Овој орган функционира така што корисните материи ги враќа во организмот, додека штетните ги исфрла. Бубрезите управуваат со целокупното движење на течностите во нашето тело, но и јачистат крвта од токсините.

Во организмот веќе постои природен механизам за чистење на бубрезите и тој ќе функционира доколку пиете доволно течности. Меѓутоа, и на бубрезите понекогаш им е потребна детоксикација за да ги поттикнете редовно да ги исфрлаат отровите од телото. Исто така, со детоксикацијата на бубрезите го зајакнуваме имунитетот, го подобруваме притисокот и го чуваме здравјето на мочниот меур.

Се препорачува во текот на детоксикацијата на бубрезите да пиете околу 2 литри вода дневно, а можете да консумирате и билни чаеви или детокс вода.

Некои намирници се вистински природен лек кога станува збор за детоксикацијата на бубрезите, па така се препорачувааат: магдонос, коријандер, зелен чај, коприва и билката луцерка.

Од овие билки можете да направите чај или да ги користите во секојдневната исхрана, а експертите истакнуваат дека за елиминирање на токсините од бубрезите одлични се и бобиците од клека и брусницата.

Слични објави

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо

Го занемаруваме, а најбрзо старее: Како правилно да го негувате деколтето

Еспресо
Се вчитува....