3.8 C
Скопје
22:27 - 20 декември, 2024

Апликациите за запознавање може да ги охрабрат корисниците да остварат долгорочна љубовна врска

unsplash

Наспроти предупредувањата дека апликациите за запознавање партнери поттикнуваат површни и краткотрајни средби „лишени“ од вистинска романса и љубов, швајцарско истражување открило дека апликациите може да ги охрабрат корисниците да осварат долгорочна врска.

Мобилните апликации на револуционерен начин влијаат на модерните љубовни состаноци ширум светот и многу брзо станаа главен механизам за воспоставување врски во многу земји.

За разлика од традиционалните страници за запознавање, кои бараат многу детални профили на корисниците, апликациите како „Tinder“ или „Grinder“ главно се засноваат на рејтингот на фотографиите.

unsplash

Некои научници изразија страв дека таквиот начин на запознавање може негативно да влијае на начинот на комуникација, вљубувањето и создавањето трајна врска.

Но, студија спроведена на Универзитетот во Женева, сугерира дека паровите кои „се запознале“ преку апликации покажале посилна намера да живеат заедно отколку другите.

unsplash

Многумина веруваат дека „состаноците“ преку апликации влијаат негативно на квалитетот на односите бидејќи тие ги лишуваат луѓето од потребата за квалитетна или долгорочна врска“, вели авторот на студијата, Џина Потарк, научник од Институтот за демографија и социоекономија и додава дека „досега немаме докази за донесување ваков заклучок“.

Таа го искористи истражувањето на Швајцарското централно биро за статистика во 2018 година, анализирајќи ги одговорите на повеќе од 3.000 луѓе кои биле во врска и својот партнер го запознале во изминатите десет години.

Нејзината анализа покажа дека паровите кои се запознале преку апликации за запознавање биле повеќе мотивирани да живеат заедно отколку другите.

unsplash

Целта на студијата беше да се утврди дали крајната намера на паровите е долгорочен или краткорочен заеднички живот“, вели таа, додавајќи дека некои парови на заедничкото живеење гледаат како еден вид „пробен период пред венчавка“.

Нејзината студија исто така покажа дека паровите кои се „споиле“ со помош на некоја апликација за запознавање имале поголема желба за потомство од другите.

Џина тврди дека паровите кои се запознале преку апликации за запознавање биле исто толку среќни во своите врски како и оние кои ги запознале своите партнери на потрадиционален начин.

Таа смета дека резултатите од истражувањето се особено интересни и стимулативни во времето во кое живееме – среде пандемија на коронавирус, што значително го намали бројот на традиционални запознавања.

Преземено од Слободен Печат.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....