3.2 C
Скопје
03:01 - 26 декември, 2024

Самохран татко посвоил болно дете од Камбоџа: Момчето годинава стана олимписки шампион

Во јуни 2000 година, Џери Виндл од Флорида посвоил момче од Камбоџа по име Џордан. Џордан во тоа време бил многу слаб, но израснал во силен млад човек кој ја претставуваше Америка на Олимпијадата оваа година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jordan Windle (@jordanpiseywindle)

Џери отсекогаш сакал да биде татко. Долго време се борел со процесот на згрижување, а потоа еден ден видел статија за животот на сирачињата во Камбоџа. Тој не се двоумел ниту за момент и веднаш ги контактирал претставниците на Камбоџа и наскоро добил вести што го промениле неговиот живот засекогаш.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jordan Windle (@jordanpiseywindle)

Во јуни 2000 година, Џери отишол во Пном Пен во Камбоџа, каде што го запознал својот син, Џордан, кој живеел во сиропиталиште откако неговите родители починале. Тој бил неухранет и имал тешки инфекции. Џери го одвел во неговата куќа на Флорида и веднаш станал негов вистински татко.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jordan Windle (@jordanpiseywindle)

По враќањето во САД, тие се соочиле со многу препреки. Џордан имал многу здравствени проблеми, бил исцрпен и слаб и комуницирал на знаковен јазик пред да научи англиски. Тој тогаш имал две години, но само седум килограми. Џери не знаел дали ќе преживее, но му ветил дека ќе направи сé што може за да не мора повеќе да страда. Откако станал посилен, Џордан започнал да покажува интерес кон водните спортови и наскоро станал вистински професионалец.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jordan Windle (@jordanpiseywindle)

Неговите олимписки соништа почнале да се остваруваат кога наполнил седум години. Во кампот, тој го провлекол вниманието на Тим О’Брајан, син на познатиот тренер за скокови во вода, Рон О’Брајан. Џордан влегол во специјална програма и започнал да ги постигнува своите први успеси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jordan Windle (@jordanpiseywindle)

Оваа година, тој ги претставуваше САД на Олимписките игри во Токио, но и Камбоџа во неговото срце. Тој е првиот скокач во вода со камбоџанско потекло кој настапил на Олимпијадата.

Извор: Bored Panda

Слични објави

Приведена Гога Секулиќ: Сè се случило на границата со Хрватска, со неа бил и нејзин колега

Еспресо

„Секогаш ќе ми бидеш прво дете…“: Саша Ковачевиќ со емотивна објава покажа кој му е најважен на светот

Еспресо

(Фото) Адам Лабунски објави слики со ќерката Хана: „Моето мало девојче“

Еспресо

Ова се најскапите свадби на српската естрада: Милиони евра, лимузини, специјалиети и светски креации

Еспресо

(Фото) Се стегна во зимско одело: Јована Јеремиќ скија со дијамантскиот прстен на рака, ја диктира модата и на снег

Еспресо

Интервју со д-р Дејан Ставриќ, пионер на фако хирургијата во Македонија: Катарактата спаѓа во најуспешните и најбезбедни оперативни методи

Еспресо
Се вчитува....