16:55 - 9 ноември, 2026

Навиките на Никола Тесла со кои го стимулирал умот

Никола Тесла бил најпознат по својот придонес во измислувањето на системот за пренос на електрична енергија, но неговото име се поврзува со уште околу 300 разни изуми. Во текот на својот живот, Тесла постојано работел на разни проекти, а имал и необични навики. Тој не би успеал да ги создаде сите изуми доколку неговиот мозок не функционирал одлично.

Добро размислете пред да направите

Никола Тесла често зборувал како може да ги замисли машините и ретко правел нацрти пред да започне да работи на нивната изградба. Овој процес на визуелно размислување не е карактеристичен за сите луѓе. Неговата основна идеја е дека треба добро да размислите пред да дејствувате.

За креативно размислување честопати е неопходно да се опуштите и да работите на проблемот во својата глава. Во својата автобиографија, Тесла го опишал процесот.

– Мојот метод е различен. Јас не брзам со конкретна работа. Кога ќе добијам идеја, веднаш почнувам со нејзино развивање во главата. Ја менувам конструкцијата, работам на поправките и управувам со машината во својата глава. За мене е потполно неважно дали ја тестирам турбината во глава или во работилница – напишал тој.

Одете на прошетка

Познато е дека кратките прошетки имаат предности кога станува збор за креативноста. Тесла верувал во ова, иако неговите прошетки станале дел од неговото опсесивно-компулсивно однесување. Но Тесла создал неколку изуми за време на прошетки, а една прошетка му ја донела идејата за наизменична струја.

Своите проблеми решавајте ги сами

Како и многу други иноватори и креативци, Тесла сметал дека треба да сте сами додека создавате и размислувате.

– Умот е поостар и поконцентриран во постојана самотија. За размислување не е неопходна некоја голема лабораторија. Оригиналноста доаѓа од самотијата која ослободува од влијанијата кои му штетат на креативниот ум. Бидете сами, тоа е тајната на изумителот, бидете сами, тогаш се раѓаат идеите – зборувал Тесла.

Слични објави

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо

Војаж се сврши со девојката – дијамантски прстен блесна на раката на неговата избраничка, која му роди дете

Еспресо

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.
Се вчитува....