3.8 C
Скопје
20:15 - 20 декември, 2024

ПОСТОЈАТ 8 ВИДОВИ НА ЖЕНСКИ ОРГАЗАМ: Инструкции како да ги доживеете

оргазам секс

Постојат неколку главни ерогени зони во телото на жената. Повеќето жени уживаат во стимулацијата на овие ерогени зони, а тоа може да доведе до некаков оргазам. Некои всушност доживуваат изразито различен оргазам во секоја област.

Пред да се обидете со некоја од овие техники, прво расположете се: наполнете ја кадата со топла вода, пуштете сензуална музика, запалете свеќи и почнете да се допирате по целото тело на начин што ве возбудува.

Не се „пробувајте“ да доживеете оргазам. Наместо тоа, истражувајте, играјте, откријте, експериментирајте и најмногу од сè, забавувајте се, вели Ејла Матслија – секс и Тантра ескперт за „Your Tango“.

ПРИРОДНИ АФРОДИЗИЈАЦИ: И науката ја потврди нивната ефикасност, пробајте!

Оргазам на брадавиците

Брадавиците се важна ерогена зона. Тие се поврзани преку енергетски канали со клиторисот, а со тоа, стимулацијата на градите ќе предизвика возбудување на клиторисот и на целата генитална област. Постојаната стимулација на градите и брадавиците може да резултира со вистински оргазам.

Како да доживеете оргазам на брадавиците:

Користете ги прстите, вибраторот или устата на партнерот за да ги стимулирате брадавиците. Допирајте, тријте, штипнувајте, повлечете, месете ги и завртете ги брадавиците за да истражите различни сензации. Вашиот партнер може да ги лиже, цица и гризе.

Обидете се да го правите тоа 20 до 30 минути, дури и кога ќе станат малку чувствителни или ако сензацијата стагнира.

Гради брадавици

Клиторичен оргазам

Клиторичниот оргазам е она што повеќето жени го знаат како „оргазам“ – интензивна клиторична стимулација што доведува до краток врв на оргазам кој трае 20 до 30 секунди, фокусиран главно во пределот на гениталиите и се чувствува интензивно и остро.

Како до клиторичен оргазам:

Направете директна и индиректна стимулација на вашиот клиторис со помош на прстите (или со тушот на пример), вибратор или устата на вашиот партнер. Имајте на ум дека некои жени сакаат директна и интензивна стимулација на нивниот клиторис, додека други можат да имаат само индиректна стимулација. Експериментирајте со повторување на истото движење некое време или со менување на допирот.

ГРЕШКИ КОИ МАЖИТЕ ГИ ПРАВАТ ЗА ВРЕМЕ НА СЕКС: Поради ова се зборува дека сте „лоши во кревет“

Оргазам на влезот на вагината

Има многу нерви на влезот во вашата вагина, што ја прави чувствителна и ерогена зона. Но, во споредба со внатрешните области, оргазмот на вагиналниот влез е поплиток и остар, сличен на клиторичен оргазам, а може да стане и експлозивен.

Како да доживеете оргазам на вагинален влез:

Користејќи ги прстите, дилдото или пенисот на вашиот партнер, допрете го прстенот од мускули и ткивото на влезот во вагината. Користете ги движењата внатре-надвор, кружни движења и применувајте притисок и стимулација „нанадвор“.

секс
unsplash

Оргазам на Г-точката

Г-точката всушност не е точно место, туку област која се наоѓа во внатрешноста на вашата вагина, во близина на влезот, на горниот ѕид под срамната коска. Кога ќе ги вметнете показалецот и средниот прст во вагината и ќе ги завиткате или закачите кон клиторисот, ќе откриете дека оваа област на чувство е поинаква од вашите вагинални ѕидови. Таа е како рапав рид. Г-точката на некои жени се наоѓа поблиску до влезот, додека други ја имаат нивната Г-точка поназад, но сите жени имаат Г-точка.

Потребно е подолго време за да се постигне оргазам во Г-точката. Се развива побавно, трае подолго, а задоволството се намалува постепено и бавно. Понекогаш може да дојде до исфрлање на течности од вагината или уретрата, познато и како женска ејакулација.

Како до оргазам на Г-точката:

Со помош на прстите, или уште подобро, невибрирачко дилдо, стимулирајте ја областа спомената погоре 2 до 5 сантиметри во внатрешноста на вагината на горниот ѕид, нешто под вашиот клиторис. Осигурајте се дека сте влажни или користете лубрикант. Можеби ќе треба да се стимулирате 20 или 30 минути бидејќи за овој оргазам е потребно време, но вреди!

Оргазмот на Г-точката ја бара таа неостварлива ментална состојба позната како „предавање“. Додека се стимулирате, задржете став на отвореност и прифаќање кон себе и искуството. Може да наидете на болка, непријатност или силни емоции кои се појавуваат – фрустрација, тага, болка – поврзани со минати искуства или верувања.

Една од причините зошто жените не доживуваат оргазми на Г-точката е тоа што тие не стимулираат (или примаат стимулација) доволно долго или што престануваат кога ќе се појават овие сензации и емоции. Одвојте момент да ги изразите овие емоции и продолжете со стимулацијата.

КАКО ДО ЗАЕДНИЧКИ ОРГАЗАМ? Одговорено!

Оргазам на грлото на матката

Според тантричката традиција, оргазмот на грлото на матката е веројатно најдлабокиот, најзначаен и посебен оргазам што една жена може да го доживее, барем на физичко ниво. Грлото на матката е влезот во утробата, матката. Ова е полот или центарот на женските енергии во телото на жената.

Оргазмот на грлото на матката се карактеризира со контракции на длабоките вагинални мускули и матката. Без напор предизвикува сексуалната енергија да се движи кон повисоките чакри. Тоа е поврзано со чакрата на папокот (Манипура чакра), но енергијата лесно се крева до срцевата чакра и пошироко.

Како до оргазам на грлото на матката:

Грлото на матката се наоѓа во најдлабокиот дел од вашата вагина, до крај. На чувство е како прст или врвот на носот и се наоѓа задниот ѕид на вагината. Дефинитивно ви треба долго дилдо за да стигнете до грлото на матката.

Откако ќе се возбудите и ќе ги стимулирате клиторисот, вагиналниот влез и областите на Г-точката, користете го дилдото за да стигнете до крај. Ќе почувствувате сензација многу длабоко во себе. На почетокот, може да се чувствувате вкочанетoст, па дури и болка. Може да се појават потиснати чувства и спомени.

Продолжете да го стимулирате грлото на матката и дозволете си да чувствувате сè што ќе се појави. Некогаш може да бидат потребни 30 до 60 минути внатрешна стимулација за да се постигне оргазам на грлото на матката, а да си дозволите да си верувате и да се предадете е клучен аспект на неговото доживување.

 

Анален оргазам

Анусот е ерогена зона полна со чувствителни нерви. Аналниот оргазам ќе биде суров, груб и генерално ќе биде локализиран во пределот на гениталиите. Тоа е исто така поврзано со коренската чакра.

Како да доживеете анален оргазам:

Користете ги сопствените прсти или дилдо за да го стимулирате анусот, прво однадвор, а потоа одете навнатре. Погрижете се да користите многу подмачкување и целосно да го опуштите анусот додека внесувате нешто внатре.

Погрижете се да не ја допирате вашата вагина со ништо што доаѓа во близина на анусот, бидејќи тоа може да предизвика инфекција. Можете исто така да побарате од партнерот да ве стимулира анално, прво со прстите, а подоцна и со пенисот.

АНАЛЕН СЕКС: Опасности и совети

Оргазам на грло

Жените можат да доживеат оргазам при изведување орално задоволство на маж, особено кога пенисот влегува длабоко во грлото, или ако со прст или два го тријат задниот дел од грлото. Овие оргазми се поврзани со возбудувањето на хипофизата на задниот дел на грлото, која исто така е мала чакра, според Тантра.

Искуството на овој оргазам, исто така, може да биде поврзано со физиолошките ефекти од задржувањето на здивот и потиснувањето на рефлексот за повраќање.

Како да доживеете оргазам во грлото:

Ова најдобро го прави друго лице. Прво треба да бидете сексуално возбудени, по можност откако веќе сте доживеале неколку неклиторични оргазми.

Нека вашиот партнер го вметне палецот, свртен нагоре кон вашата уста и истријте ја горната задна страна на грлото. Алтернативно, можете да го земете неговиот пенис во уста и да се обидете да го вдлабнете во грлото. На почетокот, тоа може да биде вистински предизвик. Можеби ќе се чувствувате како да повраќате или, всушност, имате малку стомачни течности што ќе се искачат нагоре.

Не грижете се – ќе стане полесно со текот на времето. Особено со неговиот пенис, обидете се да го држите во грлото колку што можете подолго без да се движите. Чувајте ја стимулацијата неколку минути и отстранете ги прстите или пенисот, доколку сте во грч.

секс
 

Уринарен оргазам

Ова е релативно редок вид на оргазам. Жената која е сексуално возбудена без да доживее оргазам може да доживее оргазам кога уринира. Некои жени прво би можеле да доживеат друг вид на оргазам, а потоа кога одат во тоалет ќе доживеат уринарен оргазам.

Како да доживеете уринарен оргазам:

Пијте околу 400 до 800 милилитри вода пред да имате секс. Вклучете се во предигра и пенетративен секс. Кога веќе не можете да го издржите, уринирајте. Ако е можно, ставете многу крпи под себе и уринирајте додека партнерот е сè уште во вас. Тоа би создало уште подлабоки ефекти.

Ако тоа не ви одговара, едноставно одете во тоалет и уринирајте. Погрижете се да се фокусирате на сензациите во вашето тело додека уринирате.

ДАЛИ ВАГИНАТА СЕ ПРОШИРУВА ОД МНОГУ СЕКС? Гинеколог ја решава дилемата

Слични објави

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо
Се вчитува....