11.8 C
Скопје
05:27 - 31 мај, 2026

(Фото) Поранешната убавица сега е бездомница, а славниот маж не сака да ѝ помогне

Поранешната сопруга на ѕвездата на „Спасувачка служба“ Џереми Џексон, 38-годишната Лони Вилисон, деновиве беше „уловена“ од фотографите како боса шета по улиците на Лос Анџелес. Поранешната манекенка беше видена во јавноста за прв пат од минатата пролет, а беше фатена како копа низ ѓубрето на плажата Венис, пишува Дејли меил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by D Star News USA (@dstarnewsusa)

Американските медиуми објавија дека Лони денес е непрепознатлива, а е бездомник од 2016 година.

Истата година поранешната манекенка доживеа нервен слом, а поранешната девојка на Џереми Џексон, Синди Ковакс, за британските таблоиди коментираше дека актерот одбил да и помогне на поранешната сопруга откако се разделиле во 2014 година.

„Ми здодеа неговата реакција. Нему едноставно не му беше грижа“, рече таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by showbuzz.hr (@showbuzzhr)

Претходната година Лони за медиумите изјави дека не сака помош од бившиот или нејзините пријатели. Таа со месеци не се слушнала со никого.

„Можам да живеам сама. Имам се што ми треба, а овие луѓе не сакаат да ме погледнат. Немам мобилен телефон и никој не може да дојде до мене, но имам храна и место за спиење“, рече таа.

Инаку, поранешната манекенка беше во брак со Џереми од 2012 до 2014 година, а потоа исчезна во 2018 година кога нејзините пријатели се обидоа да ја убедат да оди на клиника за рехабилитација за да се справи со нејзините ментални проблеми и зависностите. Нејзиниот брак се распадна по серија пијани тепачки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by World News Daily Post (@wndpblogpost)

Вилисон работела како асистентка во центарот за пластична хирургија во Лос Анџелес, а потоа во 2016 година доживеала нервен слом и добила отказ, а потоа го изгубила домот. Извесен период работеше и како фитнес инструктор и ги красеше насловните страници на некои списанија, но сè тргна наопаку поради нејзините психички проблеми.

Слични објави

Дали го препознавате ова девојче? Денес е една од најатрактивните водителки

Еспресо

(Фото) „Најголемиот благослов“: Немања Гудељ со емотивна порака за роденденот на Анастасија Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Бутик „Прагма“ – омилен избор за жените кои сакаат впечатлив и софистициран изглед

apostolova

Анѓелка Прпиќ ослабела без гладување: Утрото го започнува со посебен пијалак, ова ѝ помогнало најмногу

Еспресо

„Бев смртно вљубена, а тој ме избегнуваше“: Мина Костиќ отворено за првата љубов

Т.Ц.

Сината месечина на 31 мај носи големи пресврти: Проверете што му подготвува на вашиот хороскопски знак

Т.Ц.
Се вчитува....