9.8 C
Скопје
10:26 - 11 март, 2026

ПОМРДНИ СЕ ОД МЕСТО, ЧУКНИ ВО ДРВО: Колку им давате значење на суеверијата?

суеверија

Меѓу народот секогаш се верувало дека некои појави можат да ги предвидат идните случувања. Постојат голем број непишани правила кои се однесуваат на работи кои можат да донесат несреќа или среќа. Во зависност од тоа колку сте суеверни, можеби ќе почитувате некои „прописи“.

Во продолжение следат некои од понеобичните и со децении стари народни верувања во кои многу луѓе, без оглед дали сакаат или не сакаат да го признаат тоа, сепак веруваат.

  • Кога ластовицата ќе направи гнездо на покривот од куќата или под стреата, во таа куќа
    ќе има мир и спокој.
  • Кога првпат спиеш во туѓ кревет, запомни што си сонувал, тоа ќе ти се исполни.
  • Што сонуваш првата ноќ во новиот стан, ќе се исполни.
  • Не оставај недопиен пијалак кога си на гости, така им оставаш кавги во домот.
  • Ако уште рано наутро ти се случи нешто непријатно, тој ден не почнувај ништо важно.
  • Во куќата во која се клати масата, жената го има главниот збор.
  • Кога гостинот ќе излезе од куќата без воопшто да седне, се верува дека го изнел мирот
    од куќата.
  • Ако во куќата има женски деца, гостинот треба да седне барем на 5 минути.
  • Ако во куќата се скрши чаша, доаѓаат среќни моменти.
  • Кога првпат земате бебе во раце, замислете си желба. Во период од една година
    желбата ќе ви се исполни.
  • Јајце со две жолчки значи дека наскоро некој ќе се венча.
  • Кога ќе ве полази пајак, ве чека голема среќа.
  • Ако ви се истури кафе дома, тоа претставува дека наскоро ќе имате паричен добиток.
  • Ако туѓо куче ви лае пред куќата, не го бркајте, тоа е предзнак за среќа.
  • Ако испуштите нож, ќе ви дојде маж во куќата, ако испуштите вилушка, ќе ви дојде
    жена.
  • Ако на маса се стави облека, некој ќе се разболи.
  • Помрдни се од место ако се спомнува некоја несреќа или болест за да не те снајде
    истото.
  • Не треба да седите дома со скрстени раце бидејќи тоа носи несреќа и тага.
  • Кога некој од домот заминува на далечен пат, тој ден не треба ништо да се позајмува зашто патот за тој патник ќе биде многу несреќен.
  • Кој пие кафе од скршена шолја, ќе се ожени односно омажи за вдовец, вдовица.
  • За да имате пари, метлата чувајте ја со рачката надолу.
  • Не треба да лижете нож – ќе се разболете.
  • Ако девојка му подари часовник на момчето или тој неа, за нив времето ќе застане – ќе се разделат.

 

Слични објави

Џина Џиновиќ избега од Дубаи па објави сексапилно видео во мини бикини

apostolova

Дојдов дома во три и пол сабајле: Наум Петрески откри боемска приказна

msp-admin

„Дрон падна на 600 метри од зградата, сега почнувам од нула“: Ќерката на Ѓоле Ѓогани за ужасот во Дубаи

Еспресо

Хороскоп за 11 март: Девиците да избегнуваат ризични деловни одлуки, Скорпиите ќе започнат нова врска

Еспресо

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо
Се вчитува....