12.8 C
Скопје
13:59 - 18 декември, 2024

Пет причини поради кои жената се одлучува на неверство!

Кога една жена ќе го изневери својот партнер, тоа не е одлука која ја донела во моментот. Многу често постојат проблеми во врската кои ја натерале на овој потег. Погледнете некои од најчестите причини зошто жените се одлучуваат за неверство.

1. Не се чувствува ценето

На жената ѝ е потребно да се чувствува сакана. Ако нејзиниот партнер не прави да се чувствува така, голема е веројатноста да го побара тоа кај некој друг. Психологот Џудит Шербен вели дека на жената ѝ е важно да се чувствува значајно.

„Она што мажот треба да го знае за жената е дека таа сака, па дури има и потреба да се чувствува посебно. Да биде посебна онаква каква што е во очите на мажот кој што го сака.“

2. Недостаток од физички контакт

Допирот е важен во секоја врска. Ако нема физички контакт во врската, жената ќе се чувствува како да не е посакувана. Жените сакаат кога се „бркани“ од мажите. Ним им е многу важно да бидат посакувани.

3. Партнерот не ја слуша

Жените сакаат да бидат слушнати кога зборуваат. Без оваа поврзаност, голема е веројатноста за неверство. Експертот за врски, Април Масини, изјавила:

„Направете вашата партнерка да се чувствува важно. Жените најмногу се жалат за тоа дека нивниот партнер не ги слуша. Тоа е бесплатно, не ви троши многу време и не губите ништо ако ја слушате додека зборува. И ако активно ја слушате и реагирате на кажаното, не само што ќе ја подобрите интимноста помеѓу вас, туку ќе го подобрите и сексуалниот живот.“

4. Партнерот ја прави несреќна

Ако сакате вашата партнерка да ви остане верна, немојте да бидете груби кон неа. Ако редовно ѝ кажувате неучтиви работи и секој разговор е полн со критики, таа ќе побара некој друг кој ќе ја третира како што треба. Ако не ѝ помагате да ја зголеми својата самодоверба и ако не правите да се чувствува среќно, некој друг ќе го направи тоа наместо вас.

5. Лош секс

Жените уживаат во сексот исто колку и мажите, па немојте да бидете себични кога станува збор за задоволување на партнерката. Масини изјавила дека е важно работите во креветот да бидат интересни.

„Променете ја рутината во креветот. Зачинете ја со патување или вечера на подот, или пак со некоја забава. Иако звучи детинесто, на овој начин ќе се запознаете подобро и ќе си покажете колку се цените. Правете го ова не само за партнерката, туку и за вас.“

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Принцезата Дијана: „Во пресрет на свадбата реков дека не можам да се омажам за Чарлс“

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо
Се вчитува....