15.8 C
Скопје
04:56 - 22 октомври, 2026

Партнерите кои се во долга и среќна љубовна врска со текот на времето почнуваат да личат еден на друг

Постојат многу истражувања кои покажале дека партнерите кои се во долга и среќна љубовна врска, со тек на времето почнуваат да личат еден на друг и во дневните навики, но и физички.

Некои промени се сосема очекувани, но некои се чудни и изненадувачки.

Ова се трите најчудни сличности кои се појавуваат кај лицата кои се долго време во врска:

Физички изглед

По неколку години, партнерите почнуваат да личат физички еден на друг. Тоа не се случува буквално, туку тие заеднички почнуваат да се имитираат еден со друг во гримасите и потезите. Затоа и оставаат впечаток дека наликуваат еден на друг.

Навики за исхрана

Паровите кои се подолго време заедно стекнуваат и слични прехранбени навики. Тоа се должи на времето што го поминуваат заедно, кое често вклучува и заеднички оброци, било да се во ресторан или подготвени дома.

Начин на зборување

Освен што имаат „јазик“ за меѓусебна комуникација, многу парови преземаат фрази и специфични зборови еден од друг, па затоа и на другите им се чини дека исто зборуваат.

Слични објави

Ви се замаглуваат прозорците? Едноставен трик со производ што го имате во бањата може да помогне против кондензацијата

К.С.

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova

(Видео) Сузана Турунџиева запеа со младата Дени: „Мојата инспирација Дени и јас го честитаме Светскиот ден на менталното здравје“

Еспресо

„Немам време за себе“ – реченицата со која полека се ставаме на последно место

Еспресо
Се вчитува....