05:32 - 8 ноември, 2026

Овие грешки што ги прават мажите добриот секс го претвораaт во лошо искуство

Повеќето мажи честопати занемаруваат некои ситници кои можат добриот секс да го претворат во лошо искуство.

1. Преголемо его
Она што жените најчесто го истакнуваат како голема мана кај нивните партнери е фактот дека не ги слушаат, а истиот проблем се случува и во кревет. Експертите наведуваат дека мажите имаат преголемо его во најголемиот број од случаите, па така и деталите поврзани со интимните односи ги земаат здраво за готово. Како во секојдневните ситуации, така и во креветот преовладува нивното големо „јас“ кое знае сѐ, па секој обид за разговор во врска со деталите за време на сексот завршува со познатата реченица „Јас го знам тоа подобро од неа“.

2. Ја забораваат предиграта
Жените ја обожаваат предиграта! Моментите на галење и опсипување со бакнежи се високо на листата на приоритети кај сите жени кои предиграта ја сметаат за исто толку важна како и самиот љубовен чин. Но, мажите многу често  ја занемаруваат. Тие го сакаат тоа брзо и без увертира што на дамите баш и не им е по волја.

3. Лоша хигиена
Мрзеливоста кај мажите честопати се одразува и во креветот каде нивните „опојни“ мириси, кои ги сметаат за доказ за машкоста, на жените воопшто не им се примамливи. Глетката на испотено машко тело е привлечна само оддалеку или на филмови, бидејќи жените во креветот сакаат негувано машко тело со убав мирис.

4. Претпочитаат да молчат
Моментот на молчење за време на жешките игри во креветот со задоволство е практикуван од страна на посилниот пол, но на жените тоа не им се допаѓа. Затоа време е мажите да почнат да ги користат своите длабоки секси гласови и во креветот со истиот жар како кога навиваат на спортски натпревар.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....