0.8 C
Скопје
02:57 - 10 март, 2026

Официјално е: кучињата се попрецизни и побрзи од ПЦР тестовите во откривањето на Ковид

Веќе некое време се веруваше, а сега тоа го потврдува и новата студија: кучињата ги наоѓаат заразените со Ковид подобро од брисевите (и на помалку досаден начин!).

Кучињата се поефикасни и побрзи од брисевите и ПЦР тестовите во откривањето на ковид: ова е потврдено со поголема студија од претходните, во која учествувале 355 волонтери и обучени кучиња од француските противпожарни станици и од Министерството за внатрешни работи на Обединетите Арапски Емирати.

Според истражувачите, нашите пријатели со четири нозе би можеле да помогнат во спроведувањето на масовниот скрининг кај популацијата побрзо и помалку инвазивно од моментално користените назални тестови. Резултатите од студијата беа објавени во PLOS ONE.

Научниците тренирале неколку кучиња да мирисаат примероци од човечка пот, земени од различни делови на телото и да седнат кога ќе почувствуваат присуство на коронавирус. Од 355 волонтери, 192 биле препознаени како позитивни од кучињата, од кои 31 биле тотално асимптоматски.

Њушкањето на кучињата било 97% точно во препознавањето на веќе позитивните луѓе, а дури 100% во идентификувањето на асимптоматски (или пресимптоматски) луѓе.

„Една од главните предности на користењето кучиња наместо тестирање е фактот дека резултатот од душкањето е моментален“, вели Кенет Фуртон, форензички хемичар од Меѓународниот универзитет во Флорида во Мајами, кој не бил дел од студијата.

Научниците не знаат што точно мирисаат кучињата кај луѓето со Ковид: тоа можеби не е ниту една хемикалија во потта на пациентите, туку збирка на различни ароми чие ниво постојано расте и опаѓа.

„Нема ’парфем од КОВИД’“, иронично коментира Синтија Ото, директорка на центарот за кучиња на Факултетот за ветеринарна медицина на Универзитетот во Пенсилванија.

Обуката, слична на онаа на кучињата против експлозив, трае од три до шест недели, врз основа на искуството на животното: ова, заедно со недостаток на веќе обучени кучиња да детектираат присуство на експлозив (а со тоа се и побрзи во учењето) е едно од главните недостатоци на користењето на овие животни како „биолошки сензори“ за масовен скрининг, барем засега.

Слични објави

Бројките не лажат: Водењето љубов наутро ги зголемува шансите за поголема плата и за напредување на работа

Еспресо

(Фото) Снаата на Цеца во бунда од природно крзно од 5.000 евра: Богдана Ражнатовиќ во Русија, не ја тргна насмевката покрај Вељко

Еспресо

(Фото) „Ми рече дека нема да доживеам 50 години“: Милиќ Вукашиновиќ се спротивставува на судбината и го слави животот, по ампутацијата на ногата

Еспресо

Познатиот пијанист ги демантираше гласините: „Не сум момче на Азис“

E.A.

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Анѓелка за 8 Март доби необично изненадување: Сопругот ја однесе на печење на пазар

E.A.
Се вчитува....