– Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со малку пониски температури за разлика од вчера и со сончеви периоди. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а можна е и локална појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 32 степени. Потоа за време на викендот, како и во почетокот од следната недела времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Утре повторно ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Повремено ќе има услови за локална и попладневна нестабилност, а температурите во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 38 степени. УВ – ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10 – вели метео прогнозерот Попоски.
Слични објави
Дневен хороскоп за 10 ноември: Искрен разговор би можел да ви помогне да решите долгогодишно недоразбирање
Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство
Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“
Се вчитува....
