7.8 C
Скопје
22:41 - 31 март, 2026

Од Миконос на журка во Скопје – Chris IDH за старт на Intermezzo Music Rituals

И официјално утревечер стартува Intermezzo Music Rituals и тоа со сетот на Chris IDH, едно од најголемите имиња од соседството кога е во прашање хаус сцената.

Роден е во Атина во 1989 година, а интерес за музика покажал уште во детството.

И не само тоа, туку и низ годините го надградувал и своето музичко образование – изучувал пијано, што му помогнало многу полесно да навлезе во светот на музичката продукција, а подоцна изучувал и музичка технологија и звук.

Диџеј

Како диџеј, неговите вештини му овозможиле да настапува со најголемите музички имиња на хаус сцената, а во изминатите 10 години издал многу траки за Suma records, Look At You Records, Quantize Recordings, King Street Sounds, Deeptone…

 Желбата за експериментирање во студио и правење траки кои се, пред сè, свежи го прави Chris IDH еден од најуспешните продуценти во Грција, но и на интернационалната музичка сцена. Со настапот на Chris IDH стартува серијалот наречен Intermezzo Music Rituals, во чии рамки се закажани гостувањата на шест врвни диџеи кои се неизоставен дел од прочуените забави на еден од најубавите острови во соседството – Миконос.

Тимот на Интермецо најавува незаборавни журки со шест врвни имиња – Chris IDH е првото што ви го откриваме!

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

На која возраст жената го доживува најинтензивниот оргазам?

Еспресо
Се вчитува....