10.8 C
Скопје
19:59 - 19 април, 2024

НУТРИЦИОНИСТИТЕ ОДГОВАРААТ: Сè што треба да знаете за овошната диета, сите предности и маани

Овошната диета е многу ефикасна за намалување на килограмите, но сепак, пред да поченете да ја држите треба да знаете дека е рестриктивна.

Целиот програм на исхрана се базира на свежо овошје, зеленчук, суво овошје, ореви, бадеми и лешници, како и семки кои се исто така дозволени, но во умерени количини.

Кои се предностите на оваа диета?

Некои од најважните предности за конзумирање овошје се:

  • Овошјето содржи влакна кои помагаат да се намали нивото на холестерол и да се подобри работата на цревата.
  • Добар дел од овошјето содржи голема количина на витамин Ц кој е клучен за нормално функционирање на имунолошкиот систем.
  • Бананите, дињата и мангото се богати со калиум, кој е важен минерал за здрав крвен притисок.
  • Портокалите и тропското овошје содржат фолати кои помагаат во производство на црвени крвни зрнца, а особено се значајни во исхраната на бремените жени и допринесуваат за развој на здрав фетус.
  • Сливите и зрнестото овошје се богати со антиоксиданси. Антиоксидансите го ограничуваат производството на слободни радикали и така го штитат организмот од канцерогени заболувања. Дополнително, одлично делуваат на здравјето на кожата.

Кои се потенцијални недостатоци на оваа диета?

Неколку важни нутриенти кои се од витално значење за здравјето недостасуваат во диетата која се базира на овошје и зеленчук, затоа е добро додека ја држите оваа диета, овие нутриенти да ги конзумирате како суплементи преку витамини (витамин Б, калциум и омега 3).

Во диетата недостигаат протеини, масти, и веќе спомнатите витамини – Б, калциум и омега 3.

Диетата која се основа на овошје е исто така богата со шеќери. Иако овошјето е природен извор на шеќери, сепак може да биде лош избор за луѓе со дијабетес или со синдром на полицистични јајници.

Не постојат билокакви строги правила на кои треба да се придржувате. Можете на пример, да го ограничите внесот на овошје на 50 отсто и да додадере храна богата со протеини како што се бадемите и лешниците или дозволени вегетеријански суплементи кои можат да ви помогнат да ги надокнадите дефицитите настанати со промена на овошната диета.

Како се држи овошната диета

Ако се одлучите за овошна диета спроведувајте ја постепено. Наместо да ја започнета одеднаш, постепено поминувајте на намирниците, односно на различните видови овошје. Диетата подрзабира и исклучување на алкохол, животински производи, житарки, леб, ориз и тн.

Љубителите на овошје можат слободно да одберат различни видови, кисело овошје (портокали, грејпфрут, сливи, брусници…), помалку кисело (јаболка, кајсија, малина, цреша), масно овошје (авокадо и кокос), слатко овошје (банана, умра, своква, грозје), овошје и зеленчук богат со скроб (тиква), диња. Ако сте во прилика јадете органско овошје.

Во диетата треба да се вклучи и вода, 2 литра во текот на ден, но и кокосова вода или 100 отсто природни овошни сокови (свежо цедени).

Со секој оброк

Во периодот на премин на овошна диета можете одреден вид на овошје да го варите на пареа, се додека не бидете спремни да го јадете во сирова варијанта.

Добро е во секој оброк да вклучите масно овошје (авокадо) за вашето тело да се снабди со масти кои пак долго ќе ве држат сити.

Преку семки, лешници и бадеми (една шака) на дневна основа снабдете го вашето тело со протеини.

Во секојдневната исхрана вклучете и зеленчук кој може да биде благо варен на пареа.

Ако овошната диета не ви дава доволно енергија за вежбање, пред да одите на тренинг може да ја модифицирате со внес на другите дозволени намирници, а да го намалите процентот на овошје.

Слични објави

Ограбена Сандра Африка! Пејачката доживеала хорор на бензинска пумпа во Словенија

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на Неда Украден: Пејачката сподели убава вест и испрати емотивни зборови до најважната личност во нејзиниот живот

Еспресо

(Фото) Мина Наумовиќ покажа колку ужива во мајчинството: Објави селфи што го одзема здивот

Еспресо

(Фото) Доживела страв и ужас: Ива Гргуриќ се огласи од Дубаи по страшните поплави

Еспресо

Од Клиника „Жан Митрев“: Усвојувањето нови знаења е секогаш предизвик, но и возбудливо искуство

еспресо

Познатата Касандра пристигнува во Србија и ќе игра со Биковиќ во „Јужен ветар 3“: Улогата е посебна приказна, ова се деталите

Еспресо
Се вчитува....