2.8 C
Скопје
17:17 - 22 декември, 2024

НУМЕРОЛОГИЈА: Карактерот е запишан во датумот на раѓање, откријте што кажува за вас

бројки

Секој број има поразлична и уникатна вибрација. Оваа вибрација не може да се промени или игнорира, но потребно е да се научи да се живее во согласност со неа, сметаат нумеролозите. Броевите се наоѓаат во датумот на раѓање, а секој од нив има посебно значење и дава одредени карактеристики на личноста родена на тој датум. Карактеристиките кои ни ги даваат бројките не треба да се гледаат низ призмата на позитивното или негативното, туку едноставно треба да се прифатат како дел од личноста, пишува „24сата“.

Вибрациите на бројот на датумот на раѓање остануваат со нас цел живот, а знаејќи дека таа енергија ќе ни помогне да се разбереме себеси, нашите постапки и нашите односи со околината. Познавањето на датумот на раѓање на некој и особините што тој број ги носи помага во подобро разбирање на другите и остварување на подобра врска.

НУМЕРОЛОГИЈА: Дали сте знаеле дека и телефонскиот број влијае на вашата судбина?

Така, откривајќи се себеси, ќе можеме да се развиваме. Нумерологијата може да ни помогне да ги разбереме нашите силни страни, кои можеме да ги искористиме за да ги исполниме нашите животни задачи. Исто така, нумерологијата може да помогне да се разоткријат нашите слабости, сè на што треба да поработиме и што ни претставува животен предизвик. Најкомплетното толкување на нашите животни броеви ќе го даде искусен нумеролог.

Броевите 1 и 10 ги споделуваат карактеристиките на исклучителна сила, лидерство и склоност кон преземање одговорност. Тие ги споделуваат и карактеристиките како храброста да се реализираат нови идеи, креативноста и способноста да решат се што ќе им се најде на патот. Тоа е затоа што бројот 10 е опишан како број 1 зголемен за 10 пати.

НУМЕРОЛОГИЈА: Што значат буквите од вашето име?

Слично правило важи и за броевите 9 и 18. Луѓето родени на 9-тиот ден во месецот покажуваат разбирање и сочувство кон другите. Развиваат интерес за филозофија и не им се непознати големите животни промени, напротив, промените ги обликуваат, што доведува до нивна изразена толеранција кон другите култури и обичаи.

18 е најразновидниот од сите броеви и може да се намали на девет. Бидејќи 18 состои две деветки, луѓето родени на 18-тиот ден од месецот имаат двојно поизразени особини од оние на кои влијае бројот 9. Родените на 18-ти можат да направат многу повеќе од другите, нивните интереси се многу разновидни, а нивните таленти се неограничени. Тие се способни да направат се што ќе зацртаат. Моќта и доблестите не ги користат само за своја корист, туку и за да им помогнат на другите, што е одраз на исклучителната толеранција кон сето она што е изразено во бројот 9.

НУМЕРОЛОГИЈА: Како со името да го откриете судбинскиот број?

Броевите составени од две цифри може да преземат по малку од двете цифри. Така, броевите меѓу 21 и 29 ги добиваат карактеристиките на бројот 2 и оној што следи по него. Број 2 е број на исклучителна колегијалност, било во деловниот или во приватниот живот. Родените на 2-риот ден во месецот имаат тенденција да исполнуваат туѓи желби, без разлика дали се член на семејството или познаник. Бројот 3 е бројот на исклучителна дружељубивост. Луѓето родени на 3-тиот ден од месецот немаат проблем да воспостават контакт бидејќи природно ги привлекуваат луѓето.

Личност родена на 23-тиот ден во месецот веројатно ќе покаже малку од особините на бројот 2 и 3, како и виртуозната способност со зборови. Ова им овозможува да бидат водачи на масите, добри говорници, што всушност е манифестација на привлечноста на бројот 3. Бројот 4 се однесува на вредните луѓе кои го завршуваат секој проект што го започнуваат со мотото „Она што можете да го направите денес, не оставајте за утре“.

Бројот 5 укажува на подготвеност за промени кои луѓето родени на овој датум ги следат во текот на целиот живот. Тие треба да ги прифатат како лекции. Посебно склони кон хуманитарна работа се родените на 6-тиот ден во месецот. Подготвени се да покажат љубов кон сите. Контемплативната природна е карактеристика на родените на 7-миот ден во месецот, иако тие треба да внимаваат да не се повлечат целосно од општеството поради тоа. Луѓето родени на 8-миот ден во месецот знаат со пари.

НУМЕРОЛОГИЈА: Кој магичен подарок ви е даден на денот на раѓањето?

Еве што кажува за вас денот на вашето раѓање

1 – Родените на 1-виот ден во месецот се создадени за улогата на водач и имаат силна личност.

2 – Вие сте исклучително кооперативни, и на работа и приватно.

3 – Центар на настаните, плените со дружељубивост.

4 – Вредни сте. Логичното размислување е вашата силна страна.

5 – Вашиот живот ќе биде обележан со постојани промени.

6 – Се пронаоѓате во образование и хуманитарна работа.

7 – Склони сте кон контемплација, а ве привлекува и уметноста.

8 – Одлични се снаоѓате во финансиските води.

9 – Ги разбирате другите луѓе, имате разбирање за нив.

10 – Можете да се справите со се што ќе ви се најде на патот.

11 – Вие сте чувствителна личност и понекогаш страдате поради тоа.

12 – Имате вроден шарм и магнетна привлечност.

13 – Многу сте концентрирани и посветени во работата.

14 – Мудроста, интуицијата и креативноста се вашите карактеристики.

15 – Вие сте љубезни, трпеливи и подготвени да им помогнете на сите.

16 – Исклучително ги сакате блиските и драги луѓе.

17 – Инвентивни сте, своите идеи ги реализирате со креативност.

18 – Имате силна харизма, сестрани сте.

19 – Имате авантуристички дух и не се плашите да ги изразите своите чувства.

20 – Се жртвувате за доброто на другите, но се заборавате себеси.

21 – Кај луѓето будите интерес, уживате во одлично друштво.

22 – Го планирате секој чекор и пред се верувате во себеси.

23 – Вие сте роден говорник, знаете како со зборови.

24 – Забележувате убавина во се околу вас и тоа ве исполнува.

25 – Вашите највпечатливи карактеристики се трпение и контемплација.

26 – Силни сте и амбициозни, искористете го тоа во полето на бизнисот.

27 – Вашите животни искуства се многубројни и интересни.

28 – Креативни сте и оригинални, во потрага по стабилност.

29 – Интуитивно ги разбирате проблемите на другите.

30 – Секогаш кажувате што мислите и чувствувате.

31 – Интуицијата ви покажува по кој пат да одите во животот.

Слични објави

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо
Се вчитува....