0.8 C
Скопје
04:34 - 27 октомври, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Болното топло време ќе се расипе, еве точно кога почнуваат ветришта од север!

– Како што најавивме, почетокот на новата седмица ни носи и понатаму променливо облачно и натпросечно топло време со сончеви периоди. Ќе дува и слаб ветер од променлив правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени, и истите ќе бидат повисоки од просечните дури за околу 10 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопскиот регион почетокот на новата седмица ни носи променливо облачно и натпросечно топло време со сончеви периоди. Ќе дува и слаб ветер од променлив правец, додека температурата ќе се искачува до околу 20 степени.

Според Попоски, потоа, поради продор на постуден воздух од север, во вторник попладне ќе започне да дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Пад на температурите ќе имаме од среда. Ќе има услови и за повремен локален дожд, и тоа од вторник па натаму.

Слични објави

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.

Јелена Карлеуша откри дали планира свадба и бебе: Откри што ѝ порачале ќерките и како се согласува со Шево

Еспресо
Се вчитува....